Великденско гага репете

Овој великден не ги гледајте истите ВХС касети со Бад Спенсер и Теренс Хил, СуперМен и Војна На Ѕвездите. Тука се ГАГА РЕПЕТЕ емисиите на Бла Бла Тв-ставени на нашиот сајт кои со повеќе гледања може да ви го подобрат либидото, предизвикуваат еуфорија, и го регулираат нивото на шеќерот преку лачењето на ендорфин.

Знаеме дека сте сакале да ги гледате емисиите во прајмтајм, ама сте биле премногу зафатени со спасување на принцеза од замокот чуван од змеј, буткање кола на стара бабичка кој оди по лекови, оправање на држава пред корперација со маалските неранимајковци (читај алкоси дрти!) и спасување кучиња бездомници-не очајувајте, сега е лесно. Едно 2, 3 клика на глушецот, и емисиите ви се на дланка.

На Великденското мени имаме:
Македонштина

Студиска емисија со прилози и музика, смешна, трагична, забавна едукативна и инспиративна емисија која се бави со македонскиот нарав, бит и расположение. Ако сте спремни и имате срце, сакате да дознаете кој ја праи најдобрата ракија, најдоброто мезенце, гледајте на БЛАБЛА ТВ. Водител е Чико проверен Македонец и еснаф, а гостите се од сите свери на битисување во Македонија

Како Да

Анти-Хелпер емисија за како да не направите нешто правилно…со Виктор Петров Викса

Drive By

Емисија за ментална гимнастика и музичка едукација.Водител на емисијата е Џака, гостите во емисијата се од различни профили и професии од алтернативните сфери-музичари, креативци, дицеи,уметници и сл. Дејствието се одвива во позајмено возило ( користено со дозвола на сопственикот ) на сигурна, мирна локација каде што Џака и гостинот дискутираат за историјатот, професијата, пасијата, реализираните проекти и целите на гостинот.

Пресметка со Иван

Емисија во која што нашиот водител Иван ја тестира издржливоста и нервите нанеговите гости, даваќи им непристојни предлози и предизвици…за на крајот да ги преслушава во темна просторија за срањата што ги направиле во минатото и да признаат.

Женски Феномени

Емисијава е наменета за сите женишта и мужишта што сакаат да знаат се за жените.
Поделена е во четри дела и сите се поврзуваат баш со жената и нејзините феномени. Во оваа емисија ќе откриете како оговараат жените за се и сешто козметичари, комшики, колеги, колешки се живо и диво.
Ќе дознаете се што може и неможе да се најде во женски новчаник, ташна, несесер и.т.н.
Ќе видите што се може да се спреми и направи во рок од 5 минути.
Како и тоа кој тактики ги користат жените за да му се доближат на некого, било симпатија, мајка, татко, непријателка…

Промо Бустање

Емисија за кратки репортажи од настани, промоции  и евенти од сверата на културата и музиката.

Вју

Видео интервјуа со уметници, музичари, писатели и креативци.

Досие Гаражи

Забавно – документарна емисија за македонските гаражни бендови, нивната енергија за време на пробите, кул дружба низ ред прашања и ред музика запознавање со членовите и самиот бенд.

 

Категории
RelaxГага РепетеПромо Бустање

ПОВРЗАНО