Како да ги преживеете постите

Што не смее, а што може и нема да се јаде за време на постите.

Доаѓаат тие прекрасни денови кога ошавот, пченицата, лебот, зелникот (врвот) полжафчињата (фаворит ми се, не сум пробал…а кај има*?твоите дома прават и не си викнал?!) и сушените овошја, исто така и рибата се наше секојдневие-кога постиме.

*земено според пишани извори за македонски обичаи.

Реализација на обврските и правилно менаџирање на диетата

Обично телешката чорба во 9 часот наутро, после мамурна ноќ ( сеуште си вчерашен ) знае да има хранлив ефект.

Напатениот скопски организам поминал низ организираната неорганизација на нео-хаосот, проследено со дузина испиени црвени вина( 30% од целокупната испиена количина во текот на вечерта завршува на новиот џемпер) и доцнежно допафкување цигари со малку црно пиво, водка мартини, три текили и шампањско-во иста чаша.

Зората ги принудила клаберите да се повлечат по своите дневни скривалишта, а ти несреќо решаваш да идеш на чорба во 9 сабајле!?Епа така ти почнува денот, а имаш уште сел пост за преживување-среќно!

Режим и слугите на режимот на исхрана

Луѓето се слободни да јадат што сакаат-кога можат, а тоа е многу ретко ( кеш се нема! ), ние паѓаме во искушенијата на брзата храна, а питата со компир ми е тотално нелогична, затоа треба да се поделат оброците на кафана и домашна.

Телото и душевниот мир на Бахамите

Bahamite

700 островчиња каде и најбедното би било мало парче рај.

Лежалката е во сред вода, пиштолот глок 5.0 ( шарк едиција за ајкули ), пиеш некоја педерска пијачка што неможеш ни да ја изговориш, ама те боли цев ( обрни внимание на цев! ) и ја чекаш ориенталната Хали Бери да изгњури од океанот, ама тоа нема да се случи.

Шпарај и сонувај, среќни празници.

Џака.

Категории
Гезме

ПОВРЗАНО

  • Што е Фриганизам

    ...
  • Хамбургер

    Гладен си? – Иди земи си Хамбургер од ROYAL BURGER !!!! Бон Апетит....
  • Месен ролат со макарони

    Абхазиски специјалитет кој одигра клучна улога во Грузиската ѓраѓанска војна, лесен за правење-многу калоричен.Време за подготовка-саат време, лапаат двајца.Легендата вели дека војската што имале конзумирано ролат имале повеќе 38%...
  • Како да направите Јајца на Око ?

    Подготовка: Земате Две свежи 75 грамски јајца, (при купување пишува на опаковката …озбилно) ги протресувате добро и внимателно слушате да не се во фаза на распилување. Ако нема некој чуден...