Месен ролат со макарони

Абхазиски специјалитет кој одигра клучна улога во Грузиската ѓраѓанска војна, лесен за правење-многу калоричен.Време за подготовка-саат време, лапаат двајца.Легендата вели дека војската што имале конзумирано ролат имале повеќе 38% глупости во желудникот од стандардното.

Потребни состојки:

600 гр. Мелено месо

500 гр.макарони

2 главици кромид

50 мл.сенф

3 китки сафран

500 гр.октопод

Сол,бибер,ким

Масло за готвење

Средно тенџере за готвење

Фолија од алуминиум за печење

Рерна ако се има-традиционално се пече на хауба од тенк

Подготовка

1 Чекор
Во едно тенџере ги готвите макароните, а месото го оставате на сонце 20 минути.Претходно исецканиот кромид и сафран ги мешате заедно со сите зачини и сосве пријателот.

2 Чекор
Одстоеното месо го спремаме на фолијата, поросуваме со зачините и кромидот.Скуваните макарони ги уфрламе во месото и целиот сет се рола во фолија-ставаме за печење на 215 степени или на хаубата на тенкот(претходно загреан од дневното гранатирање на непријателските позиции) 40 минути.

3 Чекор
Водата од макароните ја чувате, во неа го уфрлате сецканиот октопод и ставате да се вари околу 20 минути и потоа да крчка на тивок оган.

4 Чекор
Го послужувате ролатот исечен на парчиња со студено Грузиско вино, октоподот го чувате во случај некој трет да дојде на ручек.
Бон Апетит.

Категории
Гезме

ПОВРЗАНО