За прв пат во Македонија М.А.Н. – МАКЕДОНСКИ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ

    691
    1
    SHARE


    MAN Naslovna na FB

    Оваа година за прв пат луѓето кои долги години (некој од нив и повеќе од 25-30 год.), работат на авторска, алтернативна музика конечно ќе добијат признание за своето делување и музика.

    Bla-Bla-Logo-1

     

    Бла Бла ТВ на првите МАКЕДОНСКИ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ – М.А.Н. ќе додели 30 награди  на повеќе бендови, издавачи, новинари, продуценти, 103- ка радио, како и институцијата М.К.Ц. – Младински Културен Центар . Сите награди оваа година се идентични , односно сите наградени ќе добијат награда “ЗА ОСОБЕН ПРИДОНЕС НА РАЗВОЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА АЛТЕРНАТИВНА МУЗИКА ”. Наградени оваа година ќе бидат следните :

    • С.А.Ф
    • ЧИСТА ОКОЛИНА
    • АГО (МОУСТ ВАНТЕД , ТЕМНАТА СТРАНА)
    • ДА ЏАКА НАКОТ (ЛЕГИЈАТА)
    • ЛАСТ ЕКСПЕДИШН
    • МИЗАР
    • АРХАНГЕЛ
    • БЕРНАЈЗ ПРОПАГАНДА
    • ПМГ КОЛЕКТИВ
    • АНАСТАСИЈА
    • САНАТОРИУМ
    • СМАТ
    • Т.Б. ТРАЧЕРИ
    • СТРИНГ ФОРСИС
    • ГОРАН ТРАЈКОВСКИ- ГОТРА(ПАДОТ НА ВИЗАНТИЈА)
    • STRING FORCES
    • К.У.Р.
    • ЛОШИ ДЕЦА
    • ВЕРКА
    • МОЗАИК
    • САШКО ГИГОВ ГИШ( ЛА КОЛОНИ ВОЛВОКС)
    • КОНКВЕРИНГ ЛАЈОН
    • СУПЕРХИКС
    • БЛА БЛА БЛА
    • КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ
    • ГУРУ ХАРЕ
    • ФОЛТИН
    • МУГЕР ФУГЕР
    • КАНАЛ 103
    • ФРЕШКО
    • ШУРБЕ
    • ЛОГИН (ПАСВОРД ПРОДУКЦИЈА)
    • ПМГ РЕКОРДИНГС
    • МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР –М.К.Ц.
    • МИТЕ ДИМОВСКИ (ПРОДУЦЕНТ, СТУДИО ТРА ЛА ЛА )

    Манифестацијата  М.А.Н. ќе се одржи на 30 мај на ШКОЛКА, Градски парк со почеток од 12:00 и ќе трае до раните утрински часови. На овие награди покрај наградените учество ќе земат и други македонски бендови, диџеи и артисти.

    Ќе се постават професионално озвучување, осветлување и пунктови за продажба на пијалоци, како и пункт за продажба на музички албуми, маици, беџови и секаков материјал од бендовите.

    Ќе има и пункт за продажба на храна. Цените ќе бидат многу популарни, Пиво за 50 денари, сокови за 50 денари, вода 30 денари и.т.н.

     

    Целта на МАКЕДОНСКИТЕ АЛТЕРНАТИВНИ НАГРАДИ  е да станат традиционални, да се одржуваат секоја година, а веќе од наредната да има гласање за најдобар албум, сингл, видео спот, млад бенд во повеќе различни жанрови и категории.

     

    Ги покануваме сите да дојдат на 30 мај и да дадат поддршка на македонската алтернативна музика и култура,а со тоа да покажеме дека Скопје и Македонија имаат една од најјаките музички сцени на балканот.

    Бла Бла Телевизија - Нема да објавува коментари кои повикуваат на етничко, верско, расно, национално или политичко насилство и нетолеранција, кои содржат говор на омраза, како и коментари кои дискриминираат или вознемируваат на еден или повеќе од следниве основи: пол, род, социјално, национално или етничко потекло или припадност, и сексуална ориентација.

    1 Коментар

    1. bd6s1M I wanted to start making some money off of my blog, how would I go about doing so? What about google adsense or other programs like it?.

    Напиши Нешто