Алис Купер и неговиот музички надреализам

Винсент Фурние, познат како Алис Купер, e легендарен рокер кој на сцената успешно ги спојува гламурот на театарот и агресијата на алтернативните концерти.
Во текот на седумдесеттите години, кога беше на врвот на својата кариера, беше познат по својот опасен и проблематичен карактер. Неговите настапи ја шокираа публиката со сцени на бесење, гилотина и други сцени на насилство.
0bea2d41a8fd9a5a12f05dec7c18a63c
Алис Купер од самиот почеток беше ненадминлив шоумен кој и денес, педесет години подоцна, сè уште е најдобар во она што го прави.
Својата  музичка кариера ја започна кон средината на шеесеттите години на многу необичен начин – со формирање на група наречена Earwigs, чија цел била да ги исмејува Битлсите и нивните фанатични фанови. После кратко време, Earwigs ги надмина рамките на пародија и стана вистински бенд. Неколку пати го смени името, а во 1968 година станаа Алис Купер, именувани по “вештерка”, која била изгорена за време на инквизиција. Од тогаш престана да постои Винсент Фурние, а се роди нова персона – Алис Купер.

Неговата музика и сценографските концепти ја ужаснувале јавноста на начин кој во денешно време тешко може да се разбере. Разберете дека во тоа време популарна беше хипи идеологијата, ширење на слободна љубов и ширење на перцепцијата на човекот, што предизвикувало страв во американската, конзервативна јавност, а издавачките компании генерално не сакале да објавуваат музика од бендови кои се премногу “навредливи за американскиот вкус“. Затоа не изненадува што пошироката јавност го критикуваше и се гадеше од него.
Еден од првите концерти на Алис Купер бил прекинат, бидејќи сите присутни, со исклучок на членовите на бендот, си заминаа. Но на концертот остана легендарниот Френк Запа, кој останал импресиониран. Запа заклучи дека секој кој е во состојба да предизвика толку силна реакција кај публиката – па дури и негативна – заслужува внимание, и им понуди договор.

Алис, Мајкл Брус (гитара), Глен Букстон (гитара), Денис Данавеј (бас) и Нил Смит (тапани) го снимија својот прв албум во 1968 година – “Pretties for you “, кој не постигна голем успех, а ни неговиот наследник “Easy action”. Причината е веројатно малку ексцентричен и необичен карактер на албумот. Успех дојде кога Купер и Брус, авторите на повеќето материјали, прифатија повеќе конвенционален начин на пишување. Третиот албум “Love it to death” понуди повеќе конвенционален музички израз – повеќето песни беа напишани во форма на стандарден хард рок, со чести елементи на
Покрај “социјалните” теми, Алис Купер обработуваа и други теми, некрофилија, силување, ментална болест, религија, алчност.
alice-cooper-e1431447650215
Покрај музиката, Алис Купер детално ја развиваше и визуелната презентација на своите дела. Концертните настапи се базираа на идејата на катарза – на секој настап глумел злосторник кој на крај е погубен, обично со бесилка или гилотина.

Како и речиси сите рокери, Алис бил зависен од алкохол. Кон крајот на седумдесеттите години заврши во клиника, а албумот “From the inside“ е еден од најинтимните албуми кои го опишуваат неговото искуство.
Во осумдесеттите години излегубаав апстрактни музички албуми, без одредена форма. Албумот “DaDa” често се опишува како “музички надреализам”.
Феноменот на Алис Купер не треба да се гледа само како феномен на рок икона, бидејќи неговото животно дело е всушност многу посеопфатно. Тој е еден од првите музичари што сфати дека нашата цивилизација функционира на начин да ги “апсорбира” сите контрадикции и екстраваганции во себе. Со ова на ум, Алис успеа целиот тој механизам да го претвори во дел од своите “перформанси” на бизарен начин.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО