Во што е проблемот со модерните хорор филмови?

Во што е проблемот со модерните хорори и зошто не се страшни? Се сеќавам дека како деца врескавме и скокавме кога ги гледавме култни хорор филмови, кои со тек на време престанаа да не плашат, но, сепак, атмосферата во истите се уште делува језиво и страшно, па се дешава и ден денес некој од нас да нзаспие со пуштени светла. Нема поена да се залажуваме, иако денес се нарекуваме “возрасни личности“. Стравот е исконско чувство, и нема бегање, тоа е.

1

Но, зошто тогаш денес не не плашат толку хорор филмовите? Со развојот на технологијата и кинематографијата, претпоставуваме дека и самите филмови, особено од овој жанр, можат да бидат неверојатни и извонредни. Проблемот е во мејнстримот на хорор филмовите. Можеме да започнеме со недостаток на креативноста на Холивуд, поради што прават изнова нови верзии на култните класици, било да се работи за “prequel“ или “sequel“.
maxresdefault-1
Друг проблем би бил недостиг на атмосфера, бидејќи не е доволно да се користат само екстремно долги кадри без идеја, за добивање на напната и параноична атмосфера, темни и кратки кадри на некое си сениште кое трчка позади главниот протагонист, или непотребни “jump scares“, кои, искрено, више не палат, а често пати можат и да се предвидат, со што се губи на елементот на изненадувањето, што е можеби најбитниот елемент на овој жанр. Од друга страна, како филмаџиите да ги потценуваат своите гледатели, сервирајќи им веќе видени техники на снимање (како снимање од прво лице, според примерот на Blair witch), со многу литри и литри на крв која лета во 3Д околу и врз главниот позитивец, негативец или спореден лик кој се најде баш таму каде што не треба. Не потценуваат и со лоши сценарија, со нереални ситуации со кои никој не може да се поистовети, а тука веќе се губи стравот и интересот на публиката.

Најпознатиот мајстор на хорор филмовите, мештар Хичкок, иако во свое време немаше достапни технологии или специјални ефекти, ја користеше својата креативност за добивање на атмосфера неизвесност и морничавост, без крваво сечење на делови на телото. Можеби е проблемот што луѓето имаат гледано премногу хорор филмови, па ништоп ново не може да ги исплаши. Доколку е точно ова, филмаџиите би требало да го сфатат истото како предизвик и да се обидат, велам, барем обидат, да создадат нешто ново, поинаква перспектива. Да се создаде нова ренесанса на хорор жанрот.

Се чини дека хоророт ги изгуби своите корени и својата поента. Многу денешни режисери го гледаат хорор жанрот како евтин и лесен начин да се пробијат во бизнисот. Малку по малку почна да се губи шармот на жанрот, а ние возбудата почнавме да ја бараме на други места, а не во кино салите. Нема повеќе скокање од столчиња, врескање, држење рака на непознати луѓе во киното кои седат до вас со прашања како: “Зошто она сега влегува внатре!“ Нема више добри хорор филмови.

poster-frame-history1

Harlequin
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО