Зошто никогаш нема да имаме епидемија на зомбиња?

Ако сте фанови на филмови и серијали кои се занимаваат со живите мртовци, популарно наречените зомбиња, сигурно, барем еднаш сте се запрашале што би се случило кога навистина би избила епидемија на зомбиња.

На ваша среќа, или жалост, постојат научни причини кои го негираат ова страшно сценарио, а еве зошто никогаш нема да имаме епидемија на зомбија.

Би имале премногу природни непријатели

Знаете ли зошто луѓето се наоѓаат на врвот на синџирот на исхрана? Не затоа што тешко може да не се убие (добро, со исклучок на Стивен Сигал и Чак Норис). Ние сме малку повеќе од вкусно месо кое чека да биде изедено. Не, ние сме на врвот, бидејќи сме толку апсурдно добри во убивање.

Едноставно сме премногу паметни и премногу добро вооружени. Ако ги земеме во предвид зомбињата, им фали секоја предност која го одржува човештвото од изумирање. Скитаат наоколу на отворено, не можат да користат оружје, не можат да смислат стратегија, па дури немаат ни чувство за себе. Што значи, лесен плен за секое животно кое сака труло месо.

Ако ептен успеат да го преживеат нападот на мечките и волците, Африка би била совршена дестинација, па нека се борат против слоновите, носорозите и лавовите, баш да видам.

download

Не можат да поднесат топлина

Првата загриженост е распаѓање. Благодарение на бактериите во нашето дебелото црево, нашите тела се зрели за распаѓање штом ќе умреме. Топлината го забрзува растот на бактериите, што значи дека зомбињата немаше мноу долго да издржат на 40 степени, онака, класично македонско лето.

Не можат да се справат со студеното време

Зомбиња се, практички, мртво месо. Не тврдејќи дека се работи за нивна дефинирачка карактеристика. Знаете ли што друго е мртво месо? Стек, хамбургер, пилешки прсти.

Кога телото е живо ги има сите видови на одбранбени системи, кога е мртво, ќе мора да го фрлите во рок од една недела. Нерегулирана ладна температура прави страшни работи за местото. Ако живеете доволно далеку на север, зомби апокалипсата, најверојатно, нема да успее. Првиот зомби убиец е едноставниот факт што човечкото тело е претежно составено од вода, а водата замрзнува.

dead-snow-crop

Каснување? Не баш најдобар начин да ја шират инфекцијата

Еј, се сеќавате кога некое куче било каснато, па потоа доби беснило, а потоа тоа му се случувало на секое куче, освен на мала група на преживеани луѓе кои се криеле во подрум? Не? Бидејќи тоа никогаш не се случило.

Иако, речиси, сите филмови за зомбиња се согласуваат со едно: епидемијата се репродуцира како болест, која се шири преку каснување од инфицирани лица.

Успешните болести имаат некои паметни начини невидливо да се прошират. Грипот се шири преку воздухот, црната чума се шири преку болви, итн. Ниту една од овие болести не е поврзана со гризење. Секако, сексуално преносливите болести, како СИДА, функционираат на тој начин, но тоа е само затоа што инфицираните можат да поминат како незаразени. Никој не сака да има секс со зомби. Нели?

Ама ете, да се случи такво нешто, лесно може да се реши мистеријата кој од друштвото е зомби.Тоа е оној кој ги каса луѓето.

zombie-guts

Оружје

Како што се осврнавме погоре, ако луѓето се добри во една работа, тоа е убивање на други работи.
Навистина, дури и ако постојат зомбиња во моментов, целиот концепт на зомби апокалипсата е смешен, ако земеме предвид со колкав арсенал на оружја располага човештвото во моментот. Е сега, роботи, од друга страна…ама тоа е више приказна за некој друг пат.

The-Walking-Dead

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО