КАДЕ НА ПИВО: ПИВНИЦА „ТЕМОВ-СТАР ГРАД“-ДИРЕКТНО ОД ПИВАРНИЦАТА ВО ВАШАТА ЧАША

Веќе знаеме сите за пивница Темов дека се наоѓа во Скопската чаршија официјално отворена во 2007 г како прва пивска градина во Скопје во 21-от век, а во која можеа да се најдат речиси сите домашни и увозни пивски брендови. Со тек на годините, а постојано во развој и инвестиции пивницата Стар Град конечно стана и Пиварница и простор за вистинските уживатели на течната храна богата со витамини и антиоксиданси.

Започна со само три пива од сопствено производство од погоните кои се наоѓаат во самиот локал, за да денес веќе ги има 30-тина пива достапни во секое време на точење поточно директно од пиварницата во вашата чаша и 4 брендови кои може да се најдат за сега само во месарницата Поповски. Од неодамна овие пива се дистрибуираат и во одредени локации и низ Македонија се со цел за да се збогати понудата на домашни пива и промени културата и свеста на конзумирањето на овој пијалок.

20170201_150502
Филозофијата која ја практикува семејството Темови, е да се прави пиво за одбрани заљубеници и оние вистински уживатели кои ја разбираат пивската култура и уметност.
Сите веќе знаеме дека пивото се прави од четирите основни состојки јачменов слад (во различни варијации) хмељ вода и пивски квасец, а сето понатму останува до креативноста на пивскиот мајстор и уметник кој пиварницата Темов веќе го има во своите редови, а тоа еден наш човек кој овој занает го има испечено во Америка.
Веднаш при самиот влез во пивницата ве очекува убавиот мирис на јачменовиот слад од вреќите кои како декор се обесени на таванот и автентичниот амбиент на старата архитектура во комбинација на дрво и цигла и како лавиринт е поврзан со Винотеката која се наога малку подолу.

20170201_150445

Од пивата кои во моментов ги имаат на располагање во сите бои вкусови и стилови и по цени кои се реални за македонски услови а на вкус исто така просечни пива. Една мала моја забелешка и препорака на конзументите е и тоа кога ги нарачуваат потемните и потешките пива кои се воедно и со повисок процент на алкохол да ги пијат на малку потопла температура со оглед на тоа дека сите се на точење и се служат со иста температура. Почекајте малку за да го почувствувате целосниот вкус мирис и арома на овие пива кои и не се пијат секогаш изладени.

20170201_133904
Да почнеме по ред:
Првото произведено пиво од пиварницата темов е Чаршиското пиво кое е пилснер пиво со златно жолта боја и изразено ароматичен хмељ. Типичен баварски стил кој може да си го пиете по цел ден, а да немате проблеми по глава и стомак. Алкохолот е стандарден со 4,3 % и горчината IBU 22 %. Цената се движи од 100-120 ден
Пивото „ВАРДАР“- е матен пилснер и матно златно жолта боја 4,3 % алк со горчина 22 % цена: 100-120 ден
Пиво „Скендербег“ – црвен пилснер вкусот доаѓа од мешавината на сладови кои ја дефинираат бојата со мала нота на лесна карамела. 4,8% алк со 21 % горчина
Цена: 120-150 ден
Пиво „Гоце Делчев“ – темен пилснер длабока изразена горчина која се должи на темниот слад во комбинација со карамелизиран слад. 4,8 % / 22,7 % цена 120-150 ден (0,26 л/0,48л)
Пиво РИС ПРЕМИУМ– Лагер пиво со темно жолта боја и силен алкохолен финиш. 5 % – 29 ‘ цена 120-160 ден
Пиво „Човекот“ ИПА – India Pale Ale –црвено пиво комбинација на хмељови кои што му даваат карактеристичен мирис и арома овошен вкус и специфичен после вкус на егзотични ароми. Прво пиво од овој стил на македонскиот пазар
Алк 5 % горчина 49 % цена 130-190 ден
Пиво „Големата ИПА“ Златен ејл пријатна горчина која доаѓа од комбинација на ароматични хмељови овошни мириси и специфичен долг вкус на егзотично пиво со малку сув послевкус.
Алк: 5 % ИБУ 27 % цена 150-230 ден
Пиво „ПЛАВУША“ – Блонд ејл – златно жолта боја комбинација на светол јачменов слад кои што му даваат арома со лесен и не многу горчлив вкус.
5 %/49 % цена 120-160 ден
Пиво „ФОНИЈА“ Дупла ИПА – црвенкасто пиво зголемена количина на хмељови коишто му даваат изразено поголема горчина ароматични овошни мириси и специфичен долг вкус на егзотично пиво. Личен фаворит
5 % / 62 % цена 150-230 ден
Пиво „Г ТОЧКА“ – тројно ИПА – исто така црвена боја трипати зголемена количина на хмељови коишто му даваат горчина со полесна арома на сладот. Американски стил на ИПА е направено со моќни хмељови кои што му даваат н апивото цитрусна нота, грејфрут доминираат на нос и јазик. Вистинска бомба.
5 %-80% цена 170-250 ден
Пиво „ТНТ„- црн ејл – темно црно пиво со чоколаден вкус кон кафе и тофи и силно печени ноти кои доминираат на крај. Доминатна горчина во финишот 5 % -м 80 % цена 130-190 ден
Пиво „КУБУРА“ – Стоут темно чоколадна боја со црвенкасти нијанси и светла пена. Темен печен слад со арома на свежи зрна на кафе и свежо отворено црно чоколадо. Мек вкус благо горчлив исклучително сензационален и лесен за пиење како за во лето така и з аво студените зимски денови.
4,5 % – 18 % цена 130-190 ден
Пиво „МРАК“ – Портер длабока црна боја кафена пена . густа кремаста пена со богат чокладно карамелизиран и кафе вкус . лесно и питко идеален пример за крафт пиво. 5 % – 35 % цена 170-250 ден
Пиво „ДИПЛОМАТ“ портер – силно и моќно пиво во класата на Imperial Porter со бурбон и дабов чипс. 6 % – 35 % цена 250-300 ден
Пиво „„ОЏАК“ димено пиво – со килибарна боја нефилтрирано со димен слади поголемо количество на карамелизиран слад
4,8%-21% цена 150-230 ден
Пиво „КАЛЕ“- светло пченично пиво матно жолтно нефилтрирано пиво со типичен вкус на банана и тропско овошје од комбинацијата на сладови со хмељови 4,8 %-17,5 % цена 120-170 ден
Пиво „КАЛЕ“ темно дункел – пченично темно пиво и слатко и вкусно карамела и банана во исто време4,8 18% цена 130-190 ден
Пивски шот „жуто комбе“ 40 % алк 0,02 л 100 ден
чаршиско“ радлер – типичен баварски пилснер со свеж лимони
4,8 % со 22 % цена 100-120 ден
Пиво „МЕНЧЕ“ со ѓумбир 4,8 % со 22 % цена 100-120 ден

извор
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО