Кејт Буш – уметницата која ја промени поп-културата

Кејт Буш, родена во Англија на 30 јули, 1958 година, е англиска пејачка и композиторка, музичар и продуцент. Поради својот еклектичен музички стил и неконвенционалното вокално изразување, стана една од најуспешните британски женски соло изведувачи во последните 30 години.
Се сеќавам кога за прв пат ја слушнав Кејт Буш една зимска вечер пред многу години. Оваа чудна персона веднаш успеа да ме освои со своите ексцентрични спотови, изглед, вокал и текстови. Секако, она е еден од оние уметници кои или ги сакате или не ги сакате, токму поради начинот на нејзиното вокално изразување. Буш е позната по својата уникатна и разновидна музика, перформансот, односно визуелното изразување.

British singer Kate Bush acts out the title to her new album, Director's Cut.

На 11 години почна да свири на пијано, а сними и демо касета со повеќе од педесет песни кои сама ги напиша. Секако дека дискографските куќи ја одбивале на почеток, се додека не го запозна Дејвид Гилмор (Пинк Флојд). Импресиониран од нејзините песни, Гилмор реши да и помигне при снимање на прва демо касета со професионален звук.
Во 1978 година, и покрај првичната загриженост на дискографската куќа (сметале дека нејзината експериментална музика не е погодна за радио станици), излезе нејзиниот деби албум и првиот сингл “Wuthering heights”. Песна инспирирана од истоимениот роман на британската писателка, Емили Бронте, која е родена на истиот ден како Буш.

Нејзиниот деби албум, “The Kick Insideу”, го достигнува третото место во Велика Британија. Буш е автор на сите песни, а некои песни ги има напишано на 14 годишна возраст.
Буш, со своите песни и видео спотови, се обидува да пренесе одредени пораки. Така e, на пример, за песната “Breathing“ создаден спот кој свет погоден од нуклеарна катастрофа, а текстот зборува за фетус во матката кој ги чувствува сите опасности на надворешниот свет, отруен од нуклеарна катастрофа, вдишување на чад од цигари и сл., додека песната “Babooshka” ја опфаќа темата на однесувањето на жените, односно лојалноста на мажите.

Нејзиниот трет студиски албум, “Never For Ever”, го зазема првото место на листите во Велика Британија, со што Кејт Буш стана првиот женски британски изведувач кој со својот албум го достигна врвот на листите.
Во 1983 година, во својата 350 години стара викторијанска куќа, го создава своето прво музичко студио.

Студиски албуми:
The Kick Inside (1978.)
Lionheart (1978.)
Never for Ever (1980.)
The Dreaming (1982.)
Hounds of Love (1985.)
The Sensual World (1989.)
The Red Shoes (1993.)
Aerial (2005.)
Director’s Cut (2011.)
50 Words for Snow (2011.)
Кејт Буш се повлече од јавниот живот, но на 26 август, 2014 година, во Хамерсмит Аполо, Лондон, одржа концерт после 35 години. Ова беше најава за нејзината мини турнеја наречена “Before the dawn”, а картите за концертот беа распродадени во првите 15 минути. Другарка ми ја имаше таа среќа да пронајде карта и да ја гледа во живо оваа поп икона во Лондон, ние другите ја немавме таа среќа 🙂
Концертот траеше два часа и беше поделен на два сета. Покрај музичкиот дел, важен дел од концертот беа и визуелните ефекти и костимографијата.

20140827-090923_04

Кејт Буш стана музички идол на многу бендови и уметници. Меѓу уметниците кои ја наведуваат како директното влијание на нивните кариери се Тори Амос, Теган и Сара и Алисон Голдфрап (Goldfrapp).
На нејзината работа и музика и се восхитувале и Ени Ленокс, Бјорк, Дидо, St. Vincent, Antony and the Johnsons и Тупак Шакур.
Малку е да се каже дека Кејт Буш ја промени поп културата, затоа ќе оставиме нејзините дела самите да зборуваат за неа, а ние ќе уживаме во овој еклектичен музички израз.

kate-bush

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО