Кога метал музиката и средновековните мелодии играат валцер се создава In Extremo

In Extremo  е германски метал бенд кој комбинира метал музика со средновековни традиционални песни, класична музика, фолк метал, хард рок и др. Обработени верзии на познати традиционални / средновековни балади го сочинуваат главниот дел од нивниот репертоар, но бендот има создадено и свои, авторски песни. Своите песни ги пеат на германски јазик, додека традиционалните песни ги изведуваат на различни јазици,како галски, шпански, англиски, норвешки, шведски, исландски, француски, естонски, хебрејски, латински, и старогермански.

Бендот започна како два проекти: безимен, средновековен, рок бенд кој стана познат преку честите настапи на средновековните пазари. Во 1995 година, Мајкл Рајн (ака Das letzte Einhorn) го предложи името “In Extremo”, латински збор за “на работ”. Повеќето од членовите на бендот настапуваат под псевдоними, односно сценски имиња, а речиси сите членови на бендот свираат на повеќе инструменти.

Со текот на годините нивната музика стана повеќе хеви метал, со тоа што не ги губат класичните инструменти, како гајда. Бендот е исто така познат по своите визуелни настапи и користење на пиротехнички средства на сцена (и јас за малку ќе се запалев на нивниот концерт од flamethrower).

Како што веќе напоменав погоре, In extreme изведуваат традиционални песни напишани за време на средниот век и ренесансата. Многу од песните на репертоаротот се средновековни црквени песни (на пример Wessebronner Gebet), бенедиктински дела (на пример Raue See), или традиционални песни од анонимни автори (Merseburger Zaubersprüche, Tannhuser, Poc Vecem). Можеби, за мене лично, најубавиот детал ми се обработки на песните од Кармина Бурана, средновековната збирка на песни, стихови и поезија.

Бендот, исто така, ги користи песните на познатите писатели, како што се Гете (“Der Rattenfänger“) и Лудвиг Ухланд (“Des Sängers Fluch“) која In Extremo ја преименува во “Spielmannsfluch“.
Нивниот прв настап се случи кога нивната песна, односно обработка, “Herr Manneling“ беше дел од познатата компјутерска игра Gothic.

Првиот албум кој го привлече вниманието на публиката беше “Verehrt und Angespien“. Албумот достигна до 11-то место на германските топ листи. Бендот постигна многу успех и со албумот “7”;  дојде до 3-то место на германските топ листи. Деветтиот албум “Sängerkrieg“  го достигна првото место на топ листите во Германија.
Дискографија:
Gold (1997)
Hameln (1998)
Weckt die Toten (1998)
Verehrt und Angespien (1999)
Sünder Ohne Zügel (2001)
7 (2003)
Mein Rasend Herz (2005)
Sängerkrieg (2008)
Sterneneisen (2011)
Kunstraub (2013)
Quid pro Quo (2016)
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО