Кој бил рускиот мистик Распутин?

Легендарниот руски мистик, Григориj Распутин, бил познат по неговиот ненаситен сексуален апетит, алкохолизмот, лошите хигиенски навики, додека на рускиот двор го сметале за “светец”, се додека не бил брутално убиен.

2EA1489800000578-0-image-a-14_1448106793449

Распутин е роден на 10 јануари, 1869 година во Сибир. За неговото детство не се знае многу. Познато е дека имал сестра Марија и брат Димитрија. Неговите родители биле земјоделци. Неговите брат и сестра починале рано. Григориј беше контроверзна личност. Некои го гледале како исцелител, свет човек, додека другите го обвинувале за заговор против Романови.
Кога имал 18 години три месеци помина во манастир каде што се посветил на мистицизам. Се верува дека имал врски со забранетата христијанска секта Клиста. Сомнежи за поврзаноста со оваа секта го следеле до крајот на животот.

Во 1905 година, царицата бара помош од Распучин да го излекува нејзиниот најстар син, Алексеј, кој боледувал од хемофилија. Се верувало дека Распутин го исцелил со молитва. Скептиците го негираат тврдењето дека тој имал таква моќ, но ништо никогаш не е докажано.

desktop-1454438742

Тој беше обвинет за неморални акти, вклучувајќи и силување на калуѓерки. Распучин бил, исто така, истакнат противник на војната, што од морални причини, што од верувањето дека војната ќе доведе до политичка катастрофа. Во текот на Втората светска војна, неговото пијанство, сексуален промискуитет и склоноста кон корупција го означи како циник.

desktop-1454438746

Во 1916 година, на 16 декември, група на благородници предводени од Феликс Јусупов, решиле да го отстранат засекогаш. Го труеле со цијанид со денови. Иако јадел отровна храна и пиел отровно вино, Распутин не покажувал знаци на труење. Збунети и во паника, благородниците го пукале во него три пати и го фрлиле во река. Резултатите од аутопсијата покажаа дека Распутин починал од хипотермија. Рацете му беа насочени нагоре, што укажуваше дека се обидувал да го скрши мразот на површината на реката. Неговиот чуден живот му обезбеди статус на легенда. Потоа царицата го погреба неговото тело во темелите на царското село, но по Февруарската револуција, група на работници од Санкт Петербург ги открија остатоците кои ги однесоа во шума и ги запалија.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО