Кул музеи кои можете да ги истражите од дома

Уметноста е моќна алатка која се користи да ги инспирира луѓето. Таа не потсетува на тоа колку светот може да биде убав и различен За жал, луѓето често немаат доволно време или пари да ги посетуваат музеите и да уживаат во уметничките дела од изминатите векови.

Но, Google пронајде решение и за овој проблем. Се работи за неверојатен уметнички проект кој нуди виртуелни тури за неколку познати музеи во светот.

Музејот на модерната уметност во Њујорк

Овој познат музеј е рангиран како еден од најпосетените музеи во светот. Овде можете да ги видите делата на Ван Гог, Густав Климт и др. сликари.

1

Националната галерија, Лондон

Светски познатата колекција на музејот опфаќа уметнички дела од 13-ти до 20-ти век. «Богородица на карпите,» од Леонардо да Винчи, “Венера и Марс» од Сандро Ботичели и “Алегорија на Претпазливоста,» од Тицијан се некои од највпечатливите слики прикажани тука.

2

Националната галерија во Берлин
Овој германски музеј содржи цела низа на дела од 19-от век, а ги покрива и сите главни стилови вклучувајќи го класицизмот, романтизмот, импресионизмот и раниот модернизам.

3

Версај

Кралската величина е видлива насекаде во овој музеј. Со проектот на Google не само што ќе добиете шанса да уживате во познатите слики, туку ќе можете да видите како една од најлуксузните палати во светот се менувала со текот на вековите.

4

Галерија Уфици, Фиренца

Ова е најпосетениот музеј во Италија. Овде можете да ги видите делата на Сандро Ботичели и Леонардо да Винчи.

5Доколку сте љубител на ликовната уметност и мистерија научете нешто повеќе за музите и инспиративните жени на познатите сликари.

 

 

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО