Легендарните “Маратонци” го предвиделе распадот на Југославија?

Српскиот филм “Маратонци трче почасни круг“ е снимен во 1982 година, според сценарио на Душан Ковачевиќ, филмска адаптација на неговата театарска претстава. Филмотосвои бројни национални и меѓународни награди, и се смета за еден од најдобрите дела на југословенската кинематографија.
Иако можеби мислите дека знаете сè за култниот филм, еве неколку факти кои можеби не сте ги знаеле:
1. Филмот е критика на тогашниот авторитарен систем. Тогашната влада авторот го потсетувала на погребно претпријатие. Ковачевиќ, на крајот на филмот, на симболичен начин го прикажува распадот на Југославија, кој подоцна се оствари.
2. Иако во тоа време “немало цензура“, постоеле одредени тела кои решавале што може да се прикаже на публиката, а што не. Поради тоа неколку пати се одложувал почетокот на снимањето, а на првата верзија на сценариото е ставена забрана.

maratonc-trce-pocasni-krug

3. Една сцена е исфрлена од филмот. Сцената која на гледачите би им ја дала вистинска слика за улогата на слугинката Оља, во семејството Топаловиќ. Всушност, она не им служела само за одржување на домаќинството, туку за сè, па дури и за секс.
4. Според оригиналното сценарио за претставата, Пантелија има 150 години, Максимилијан 126, Аксентије 102, Милутин 79, Лаки 44, а Мирко 24.
5. Освен мјузикли и бројни претстави, маратонците се најдоа и во форма на стрип.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО