WEST HOLLYWOOD, CA - MAY 31: (L-R) Musicians Chuck D, Brad Wilk, B-Real and Tom Morello of Prophets of Rage perform onstage at Whisky a Go Go on May 31, 2016 in West Hollywood, California. (Photo by Kevin Winter/Getty Images)

Ова е година на супергрупи!

Оваа година бевме сведоци на создавање на многу супергрупи, односно ново создадени бендови, спојки на познати групи.

Од овие соработки добивме неколку интересни бендови, а овде ќе ги претставиме некои од нив. Па пишете, кои се вашите фаворити и од кој најмногу очекувате.

Dunsmuir е хеви метал бенд, чии членови се Neil Fallon (Clutch), Brad Davis (Fu Manchu), Dave Bone (The company band) и Vinnie Appice (ex-Black Sabbath/Heaven & Hell). Првиот албум на оваа група излезе на 22.07 2016 година.
Жанровски бендот свири “old school” хеви метал.

Prophets Of Rage, за кои пишувавме и порано, е составен од членовите на RATM, Public Enemy и Cypress Hill.

Giraffe Tongue Orchestra група се создаде од 15 години пријателство и повремени соработки на William Duvall (Alice in Chains), Brent Hinds (Mastodon), Ben Weinman (Dillinger Escape Plan), Pete Griffin (Dethklok) и Thomas Pridgen (The Mars Volta). Групата е хибрид на алтернативен рок со нијанси на прогресив и панк. Деби албумот им излезе на 23 септември, 2016 година.

The Haxans е бенд кој се состои од дуото Ash Costello (New Years Day) и Matt ‘Piggy D’ Montgomery (Rob Zombie). Звукот на бендот може да се опише како глам поп со готик дополнувања. Досега имаат објавено само две песни “Chains” и “Party Monster”. Деби албумот наречен “Three Hits From Hell”, се очекува да излезе на 21 октомври 2016 година.

Кој е вашиот фаворит?

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО