Последен поздрав до Кери Фишер

На 27.12.2016. светот изгуби уште една ѕвезда, Кери Фишер, актерка која сите ја паметиме како принцеза Леа Органа, од франшизата Star Wars. Фишер почина на 60-годишна возраст откако доживеа срцев удар, четири дена порано.

Таа не беше само иконична женска фигура во медиумите, една од најраните силни женски ликови кои ги инспирираше младите девојки низ целиот свет, комичарка, писателка, сценарист и еден од омилените филмски ликови. Фишер е позната по својата борба против депресија и зависности, од кои и сама боледувала.

Голем број на обожуватели на Star wars франшизата и одадоа почит на актерката, единствената утеха за фановите е можеби фактот што нејзината последна актерска улога ќе биде во филмот што ја прослави – ВОЈНАТА НА ЅВЕЗДИТЕ, епизода 8.

Ние спремивме компилација на слики со кои и даваме последен поздрав на омилената ни принцеза.

Силата секогаш ќе биде со Кери Фишер.

1 2 3 4 5 6 7 8

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО