Рап АНАЛиза : Почетокот ….

Почетокот…

  • На Почетокот – Умот ги создаде Хард Корот и Комерцијалата..
  • Хард Корот беше безличен и празен; и имаше темнина над бездната, Бунтовничкиот Дух лебдеше врз идеата….
  • Мислата  кажа –  Нека има вистински Рап,  и би Рап !!!
  • Глувите Слушнаа дека пораката е вистинска, и се оддели Хард Корот од Комерцијалата
  • Хард Корот го нарекоа – Тврдо , Комерцијалата се нарече Меко.
  • И би тврдо и меко – Ден Први
  • Нека има свод среде Музиката  и тој да разделува Музика од Музика;
  • Звукот создаде свод и го одвои тврдото од под сводот од тврдото над сводот: Така и стана.
  • Сводот стана Хип Хоп , и би Хард Кор и Комерцијала – Ден Втори
  • Нека се собере чудниот звук познат под името Рап , што значи “ Над и Под” на едно место, да се појави сцена , и стана така.
  • Сцената стана “ Тло за Воздиг” а градителите воздигнати  и запечатени  во Историја ..
  • Потребата за дополна рече “Нека има и помеко од мекото” –  родот и видот Македонски да ги конзумира фрекфенциите безболно, за плодот да се гради и обликува.. и стана така…
  • Музиката стана изобилие , квантитетот даваше плод , квалитетот се ценеше , секој со свој допринес …
  • И би Квалитет; И  би КвантитетДен Трети
  • Сетилата за вид кажаа : Нека се појави слика за да го раздели тврдото од мекото,  и да бидат знаци и за времињата ; и за деновите и за годините…
  • Нека бидат видени во етерот музички , да го покажуваат патот. и би така.
  • Се изградија медиуми : За Светло во Мракот и Мрак во Светлината
  • Опфатен беше сводот за приказ на иднината…
  • и би и Вид и ЗвукДен Четврти
  • Нека се појават и створови  што ке го газат сводот од зборови и декларирања , и би така.
  • Се воздигна Его што ги мина границите на пропишаното , лага, измами, гнев од непостигнатото. нека биде така. така е пишано ….
  • Благословени нека се множат во делот на минливите, историјата ја знаат непобедливите.
  • и би Ем Си , и би Нем Си Ден Петти
  • Нека има и чисти души , сведоци и ценители . и би така.
  • Се создадоа неприкосновени ѕверови земни од здивот потрошен во празнина …
  • Настанаа Критичари и Анализатори на секој шум , достојни на својот образ да го подбијат Она Што Не Е… издигнати над љубомората и достојни на континуитетот на нивните ставови …
  • Се конструирааа – Слушатели , што мразат и подржуваат- Ден Шести
  • Просторот се пополни со Нешто и НиштоДен Седми

 

  • Слушатели имате Плод за одгледување – Иднината е во вашите можности ……
  • П.С Раперите се Тетки…
  • Серете за текстот колку што сакате , нели сите сакаме биф “АМА ВИСТИНСКИ И СО МУДА”.
  • Напишано од Аналитичарот : АНАЛиза од Аналите на Македонската Рап Искривена Приказна…
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО