Симболизмот на животните во словенските култури

Животните секогаш играле важна улога кај словенските народи. Животни како волци, мечки, зајаци и лисици се ликови во многу легенди, приказни, митологија и уметност на словенските народи. Во христијанството волкот бил поврзан со злите духови, но сепак повеќето од овие животни оставиле силен белег на нашата култура.

Мечките, исто така, оставиле силно симболичко влијание, постојат и региони (како на пример Лика во Хрватска) каде мечките ја претставуваат целата област.

Најпознатите животни во словенската култура се лисица, волк, зајак и мечка, па тука ќе се позабавиме со дешифрирање на нивниот значај за културата.

Волк

fire-wolf-wnv-prints

Волците имале силен ефект врз словенската популација, затоа не изненадуваат приказните за врколаците. Во текот на раното христијанство било забрането да се јаде месото на волкот, бидејќи се верувало дека човек може да стане врколак. Волкот секогаш бил поврзан со ликот на “странецот”, тој никогаш не бил во можност да живее со луѓе. Кај паганите волкот бил поврзуван со словенски бог Велес, и како таков бил симбол на дивата, нескротливата природа.

Зајак

moongazing-hare-h2248

Зајаците биле симболи на плодноста, шаманизмот и употребата на дрогата. Во некои локални народни легенди се вели дека ако мажена жена сонува зајак, тоа значи дека ќе роди син во блиска иднина.

Лисица

303ba552d463cd6191f27a9abef8afcf

Најпопуларниот карактер на рускиот фолклор е лисица. Таа е посилна од волкот или мечката во народните приказни поради тоа што е измамник. Во многу народни приказни ова животно ги има лажено селаните со острата духовитост и триковите.

Мечка

63a2f6950e622eefe7adb3e103053fa1

Благодарение на многу способноста на мечката да стои на две нозе, старите Словени верувале дека потеклото на човекот и мечката се тесно поврзани. Постои една легенда во која се вели дека дека мечката е човек завиткан во ѕвер, поради својот смртоносен грев. Ова е причината зошто во старите времиња било табу да се јаде месо од мечки. Мечката се сметала за многу паметно животно, па секоја амајлија содржела влакно или некој друг дел од мечката.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО