Сите Star Wars филмови рангирани од најлош до најдобар

Ни се доближува премиерата на новата епизода на Star wars, наречена Rogue one, што би требало да биде претходник на епизода 4, The new hope, што значи дека можеме да го очекуваме Дарт Вејдер повторно да се појави на големото платно, што на многу фанови им предизвикува голема возбуда.
Инспирирани од големиот камбек на франшизата, искомбиниравме текст во кој се рангирани сите Star wars филмови, од најлош до најдобар според критиките и мислењата на фановите.
STAR WARS HOLIDAY SPECIAL
Иако многу луѓе прв пат слушаат за ова, ете, се работи за нешто лошо. Ако првиот Star Wars филм воведе новитети кинематографијата во научната фантастика, овој филм кој излезе во 1978 направи пародија на сите вклучени во New Hope.
CARAVAN OF COURAGE: AN EWOK ADVENTURE
Иако меѓугалактичните мечки многумина ги мразат, постојат повеќе филмови за познатите Евокси. Играниот ТВ-филм, CARAVAN OF COURAGE, се одвива по битката на Јавин, пред настаните во Return of the Jedi.
EPISODE II: THE ATTACK OF THE CLONES
Иако е технички одлично сработен, на филмот му недостига мотивација и неизвесност.
THE CLONE WARS
Се работи за анимирана серија во која главната улога ја превзема младиот Анакин Скајвокер.
EPISODE I: THE PHANTOM MENACE
Филмот го напушта своето богато културно наследство и создава една приказна која речиси не наликува на популарната франшиза, поради што доби многу критики.
EPISODE III: REVENGE OF THE SITH
Соодветно темен филм, кој можеше да биде една од најдобрите епизоди, но поради неговите конечни сцени, кои на момементи беа комични, (“Nooooooo!”) филмот беше често критикуван од фановите, иако REVENGE OF THE SITH ги подобрува сите свои претходници на речиси секој начин.
EPISODE VI: RETURN OF THE JEDI
После епизодата 5, која е прогласена за најдобрата епизода на Star wars, последната епизода од старите Star wars филмови падна во сенка, иако се работи за многу квалитетна и забавна епизода која му стави крај на големото патешествие на фамилијата Скајвокер.
EPISODE VII: THE FORCE AWAKENS
Иако фановите го хејтаат Абрамс за она што самиот Лукас требаше да го направи, мораме да признаеме дека THE FORCE AWAKENS, иако по многу работи наликува на епизодата 4, не е толку лош филм, доколку ја оставиме носталгијата позади нас. Новите ликови ветуваат многу, и имаме големи надежи за новите епизоди.
EPISODE IV: A NEW HOPE
Првата епизода од Star wars франшизата секогаш ќе го има своето посебно, заслужено место во нашите срца.
EPISODE V: THE EMPIRE STRIKES BACK
Шеќерот го оставивме за крајот. Оваа епизода е прогласена за најдобрата Star wars епизода, факт кој веројатно нема да се промени, без оглед на новите епизоди кои тек ќе се снимаат во универзумот на Star wars.
Култната сцена во која Вејдер му признава на Лук дека му е татко не може да ја промени ниту една друга сцена. Факт.
Се гледаме во кино салите!
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО