Скриени слики откриени под познатите класични слики

Некои класични слики можат да не изненадат со своите “тајни“, заборавени слики сокриени со векови додека не биле откривени со новите технологии. Надреални, но вистинити, овие откритија го оставиле уметничкиот свет без здив.

The Wood Sawyers

1

Со користење на инфрацрвена рефлектографија откриена е слика во сликаво делото на Жан-Франсоа Миле The Wood Sawyers. Се работи за слика на познатата француска статуата La Republique. Оваа слика беше првично замислена како влез на натпревар, но кога Миле не освои награда на тој натпревар, преку истата слика нацртал нова слика.

Patch Of Grass

2

Винсент ван Гог бил уметник со трагична животна приказна чии дела се доста вредни денес. Го наслика своето ремек-дело Patch Of Grass во Париз во 1887. Научниците од Холандија и Белгија откриле портрет скриен зад ова слика. На сликата била една жена. Нејзиниот идентитет е непознат. Според мислењето на експертите, Ван Гог често ги рециклирал неговите платна за да заштеди пари, што објаснува зошто оваа слика остана покриена и заборавена.

Young Woman Powdering Herself

3

За да го зачува своето достоинство, Џорџ Сеурат намерно покрил дел од неговата контроверзна слика. На сликата е прикажана млада жена која залудно става шминка. Се работи за Медлин Кноблох, неговата љубовница. Со ова авторот сакал да ја задржи неговата афера во тајност.

Mona Lisa

5

Од сите популарни класични слики Мона Лиза е веројатно најпозната за пошироката јавност. Нејзината волшебна, таинствена насмевка ја направи позната во светот на уметноста. Идентитетот на Мона Лиза се дебатира со векови. Повеќето луѓе веруваат дека таа била Лиза дел Џокондо, сопруга на еден трговец од Фиренца. Пронајдени се два други портрети под сликата на Мона Лиза. Експертите тврдат дека скриените слики го покажуваат креативниот процес на да Винчи.

Woman At A Window

4

Жената на прозорецот на Палма Векио е слика која била драстично променета за да се прилагоди на сексуалните и моралните норми на општеството во тоа време. Со реставрација на сликата откриено е дека жената на сликата изгледала поинакво. Ова имплицира дека можеби се работело за проститутка. Ова објаснува зошто нејзиното присуство било социјално неприфатливо, а сликата морала да биде променета.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО