Фановите и критичарите се поделени во врска со новиот Star Wars филм

Бидејќи веќе долго време сум фан на горенаведената франшиза, Star Wars, решив да ја поделам статистиката, како и првите импресии од новиот филм Rogue One.

Да започнеме со статистика:
Илјадници посетители од среда имаа шанса да ја гледаат премијерата на новото остварување од франшизата Star Wars, Rogue One и додека некои фанови и критичари се воодушевени, другите го нарекуваат филмот слаб и “лобомитизиран”.
Веќе на првиот ден на прикажувањето филмот го собори рекордот по бројот на продадени карти во САД, заменувајќи го дотогаш претходниот рекордер, минатогодишниот Star Wars: The Force Awakens.
Во Европа филмот не помина најдобро, во Париз беа исполнети само околу три четвртини од седиштата, а во Стокхолм во кината отидоа само неколку десетици луѓе.

?

Мора да има и малку критика
Критичарите на New York Times, новото продолжение го оценуваат како “сосема просечен филм”, кој ќе ги убеди луѓето дека е совршено добар. Европските критичари беа поблаги. Британскиот Гардијан му даде четири од пет ѕвезди, шведскиот дневен весник Свенска напиша дека “и покрај принудените дијалози Rouge One забавен филм од два часа и 13 минути, исполнет со интересна вселенска акција.”
Како и во The Force Awakens, главниот лик во Rogue One е девојка по име Џин Ерсо, интергалактичка непослушна девојка, регрутирана од бунтовниците на Алијансата, да помогне да се уништи Ѕвездата на Смртта, оружје за масовно уништување на планети. Ова приказна хронолошки се наоѓа после третиот дел Revenge of the Sith, и пред четвртиот дел, New hope.

screenshot2016-04-07at13-03-30-ed

Сепак…
За мене лично, филмот беше интересен, забавен, со сите елементи кои еден Star Wars филм треба да ги содржи, како и самиот дух на франшизата. Ликовите и приказната, беа забавни, за ефектите нема ниту да коментираме, и се на се, мислам дека сепак има надеж дека Дизни нема да ја уништи визијата на Лукас и дека Star Wars ќе продолжат да бидат квалитетни и забавни филмови за сите генерации. Амин.
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО