Филмови врз основа на вистински приказни кои всушност се лажни

Секогаш кога некој нов филм тврди дека е базиран врз основа на вистинска приказна, тоа е гаранција дека рекламирањето на филмот ќе ги нагласи настаните кои всушност се случиле во реалниот живот, иако се работи за маркетиншки трик.
Општо е познато дека филмовите кои се снимени врз основа на вистинските настани често пати се менуваат за да раскажат поинтересна приказна. Сепак, постојат моменти кога филмаџиите тврдат дека филмот е базиран на вистинска приказна, а истата е, всушност, измислена.
Ова се филмови кои тврдат дека се базирани врз вистински приказни, но содржат минимални вистински факти.
Fargo (Џоел Коен и Итан Коен, 1996)

1

Fargo беше еден од најценетите филмови на 90-те години, а неодамна доби и своја ТВ серија.
Имено, постоеше случај кон средината на 80-те, во кој телото е исечено со дрво секач, но се друго во филмот е измислено. Џоел Коен еднаш ја објасни неговата одлука за тврдењето дека Фарго е базиран врз вистинска приказна велејќи: “Ако публиката смета дека нешто е базирано врз вистински настан, тоа ви дава дозвола да правите работите кои инаку не би можеле да бидат прифатени”.
The Blair Witch Project (Даниел Myrick и Едуардо Санчез, 1999)

2

The Blair Witch Project беше ниско-буџетен хорор филм, кој стана еден од најголемите филмови на 1999 година, кој својата приказна ја започна според пронајдени видео материјали. Реалноста е уште повеќе засилена со користење на стари камери и срачно снимање, за кое се тврдело дека е вистинскиот материјал пронајден во шумата.
Сепак, она што се одигруваше во филмот е целосно измислено. Режисерите дури снимале и лажен документарец, фабрикувале и лажни статии во весници за вештерката, за да го промовираат филмот. Филмот дури не беше ни снимен во реалниот град Burkittsville, Мериленд, за кој се тврди дека се викал Блер, туку на друго место, 25 милји подалеку од Burkittsville, а Блер никогаш не постоел.
The Strangers (Брајан Бертино, 2008)

3

Филмот The Strangers беше успешен, делумно поради своето тврдење дека се базира на вистинска приказна, која може да се случи секому. На почетокот на филмот се тврди дека во 2005 година е убиен пар, откако во нивниот дом влегле непознати лица. Сепак, ништо од тоа не се случи, а парот никогаш не постоел. Режисерот, Брајан Бертино, ја доби идејата за филмот според сеќавање од детство, кога некој странец тропнал на вратата, барајќи ги луѓето кои не живееле таму.
The Texas Chainsaw Massacre (Тобе Хупер, 1974)

4

Додека влијанието на филмот е големо во светот на хорор филмовите, еден фактор на успехот и славата е тоа што е снимен врз основа на вистинска приказна. Сепак, приказната за луѓе кои биле брутално убиени со моторна пила од манијак канибал од Тексас е целосна фикција. Филмот е всушност инспириран од грозоморните злосторства на озлогласениот сериски убиец и канибал, Ед Гејн.
The Mothman Prophecies (Марко Пелингтон, 2002)

5

Урбани легенди како оние за Крвавата Марија и Бигфутот секогаш се ширеле низ целиот свет, но една легенда за одредениот дел на Америка е легендата Mothman. Истата почна да се шири благодарение на филмот Mothman Prophecies, а маркетингшкиот тим навистина истакнуваше дека филмот е базиран врз вистински настани.
“Реалните” случки се случија помеѓу 1966-1967, за разлика од филмот, во кој времето на дејствието е ставено кон почетокот на 2000 година. Меѓутоа, суштество кое било наречено Mothman било инспирирано од уредник на еден локален весник, кој бил инспириран од Бетмен.
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО