11 филмски пионерки на Холивуд

Холивуд, како сите знаеме, е една голема машинерија за пари, за која нема потреба ни да се пишува посебен вовед. Да бидеме искрени, Холивуд можеме да го наречеме и клуб за мажи, бидејќи според статистика само 9% од најуспешните филмови се режирани од жени, а само 15% од жени играат главна улога. Но, во раните денови на Холивуд голем број од најплатените сценарија биле пишани од жени, а жените на екранот одигруваа различни и комплексни улоги.
Во овој текст ќе се потсетиме на најголемите Холивудски филмски пионерки.
Френсис Мерион

1

Новинар, уметник, режисер и наградуван сценарист. Често пишувала за блиската пријателка, актерката Мери Пикфорд.
Мери Пикфорд

2

Талентирана и компетентна, Пикфорд се занимавала со актерство од рана возраст, а има работено со великаните како Чарли Чаплин. Со доаѓањето на звучен филм, престана да глуми и почна да се занимава со продукција. Позната е како ко-основач на филмското студио Јунајтед Артистс, сега подружница на МГМ.
Анита Лос

3

Една од најпознатите сценаристки на почетокот на Холивуд. Најпозната е по своите филмови “Сан Франциско“ (1936), “Жените“ (1939) и “Црвенокоса жена“ (1932).
Марион Е. Вонг

4

Вонг била беше пионер на азијското-американска кинематографија, а се занимавала со глума, режија и костимографија.
Дороти Aрзнер

5

Ако има едно име што треба да се знае од оваа ера на Холивуд, тоа е името на Дороти Арзнер, режисер и монтажер. Таа работела во театар, филм и радио, а била и позната феминистка.
Алис Гај-Блаш

6

Француски режисер, сценарист и бизнисмен. Гај-Блаш има работено на повеќе од 1.000 филмови, а позната е и по развојот на подобра филмска наративна структура.
Џун Матис

7

Матис е една од највлијателните жени во филмската индустрија на своето време. Се занимавала со монтажа, пишување, а била и една од најплатените холивудски раководителки. Иако живеела само 38 години, нејзината кариера цветаше за време на овој период.
Ала Назимова

1921: Russian actress Alla Nazimova (born Mariam Levington, 1879 - 1945) plays an ailing courtesan in 'Camille', directed by Ray C Smallwood and based on the novel 'La Dame aux Camelias' by Alexandre Dumas fils. (Photo by Rice)

Филмска и театарска актерка, Назимова е вистински пример на модерна жена на 20-тите години. Има учествувано во различни контроверзни проекти кои се спротивставувале на стандардите на Холивуд.
Марион Ферфакс

9

Пионерка во користењето на стоп анимација и голем застапник на нови жанрови во филмската индустрија. Позната е и по својата адаптација на романот на Артур Конан Дојл, Изгубениот свет. Ете од каде се инспирирал Стивен Спилберг за „Паркот Јура“.
Наташа Рамбова

10

Сценограф, костимограф, сценарист и актерка од периодот на немиот филм, чиј стил се споредувал со францускиот експресионизам и естетиката на Art deco.
Tsuru Aoki

11

Контроверзна но важна фигура во историјата на филмот. Нејзиниот краток период на слава бил од клучно значење за понатамошното вклучување на другите раси во филмската индустрија. Голем дел од проектите ги работела со нејзиниот сопруг, актерот Sessue Hayakawa, кој, за разлика од неа, бил добро познат во светот на филмот. Таа често била избрана за улоги кои ги истакнувале стереотипните на азиската воздржаност.
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО