2016 година-година на мајмунот

Денес за вас подготвивме кратко блабластично предвидување на идните настани, односно 2016 година на кинески начин!

Според кинескиот хороскоп 2016 година е година на мајмунот. Кинезите ги применуваат петте елементи во својот календар: метал, вода, дрво, оган, земја. Што значи дека 2016 година е година на црвениот огнен мајмун.

year-of-the-monkey

Мајмунот е 9-от знак во овој хороскоп, во него спаѓаат следниве датуми и години:

02.02.1908 – 21.01.1909
08.02.1920 – 07.02.1921
06.02.1932 – 24.01.1933
25.01.1944 – 11.02.1946
11.02.1956 – 29.01.1957
29.01.1968 – 15.02.1969
16.02.1980 – 03.02.1981
03.02.1992 – 21.01.1993
21.01.2004 – 08.02.2005

Доколку се пронајдовте во табелата, честитки, следната година е ваша година.

Според кинезите мајмунот содржи два елементи: метал и вода. Металот е поврзан со злато, а водата со мудрост и опасност. Ова значи дека следната година ќе се занимаваме повеќе со финансиските настани. Металот, исто така се поврзува со ветерот. Ова значи дека настаните во 2016 година ќе се менуваат многу брзо, па бидете подготвени. Размислете добро пред да започнете да ги менувате плановите поврзани со финансии, кариерата, деловните односи и односи со луѓето.

Chimp with cash

Ова беше кратко предвидување за вас од тимот на Бла Бла ТВ. Не сме Нострадамус, не сме ни кинези, но сепак, зачекорете претпазливо во следната година и плеснете го мајмунот со јака става право во фаца.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО