5 мистериозни изгубени градови

Атлантида е можеби најпознатиот изгубен град, но далеку од тоа дека е единствен. Во многу други изгубени градови се крие уште поголемо богатство, знаење и одговори на многу мистерии.
Ова се 5 мистериозни изгубени градови:
Изгубениот град “З“

1

Уште од времето кога Европејците за прв дошле во Новиот свет, започнаа легендите за изгубениот град на златото во џунглата; понекогаш нарекуван Ел Дорадо, понекогаш градот З. Конквистадорот Francisco de Orellana ја водел првата експедиција барајќи го легендарниот град.
Пет века подоцна, истиот се обидел да го пронајде Percy Fawcet. Кралското географско друштво во 1906 година испрати експедиција која би го истражувала локалитетот помеѓу границата на Боливија и Бразил. Во текот на 18 месеци истражување се пронајде ракопис на португалски истражувачи од 1753 година, според кој, наводно, градот се наоѓа длабоко во амазонските дождовни шуми. Ракописот ги опишува високите градби од сребро и високи столбови. Fawcet градот го нарече “З”.
Азтлан – легендарната татковина на Ацтеките

2

Ацтеките создале најмоќна империја пред доаѓањето на Колумбо во Америка. Голем дел од нивната култура се наоѓа во ракописите на освојувачите и мисионерите, како и во остатоците од градбите во денешниот Мексико. Но потеклото на Ацтеките е обвиткано во тајност. Некои луѓе сметаат дека изгубениот остров Азтлан местото на кое е создадена ацтешката култура.
Според легендата, во Chicomoztocu ( “местото на седумте пештери”) живееле седум племиња: Acolhua, Chalca, Mexica, Tepaneca, Tlahuica, Tlaxcalan и Xochimilca (иако некои извори наведуваат различни имиња). Бидејќи го зборувале истиот јазик ја напуштиле пештерата и се населиле во близина на Азтлан.
Но, легендите не откриваат каде се наоѓал градот на Ацтеките. Истражувачите ја поминале целата централна Америка, но не успеале да пронајдат никакви податоци.
Lyonesse – изгубената земја под морето

3

Во легендите за кралот Артур, Тристан (“Тристан и Изолда”) доаѓа од земјата наречена Lyonesse, каде што живее неговиот татко кралот. Во оригиналните француски приказни (кои први говорат за кралот Артур и неговата дружина) Léonois е вистинска земја, а британските преводи ја сместуваат во Корнвол, а подоцна тврдат дека истата потонала под морето. Историчарите се уште не се сигурни дали ова е само мит, создаден поради несмасен превод. Според легендата, Lyonesse беше моќно кнежевство, со 140 села и цркви. Според некои извори, потона на 11 ноември 1099 година.
Ел Дорадо

4

Од првите освојувачи до современите археолози, луѓето биле во потрага кон Ел Дорадо, иако истражувачите не пронајдоа докази за постоењето на овој мистичен град од злато.
Легендата за златниот град своите корени ги влече од приказните на племето Muisco.
На Индијанците Ел Дорадо терминот го означувал кралот на средината на езерото. Освојувачите Lázaro Fonte и Hernán Perez de Quesada се обиделе да го исушат во 1545 година, езерото Guatavita. Како што се намалувало нивото на водата, на брегот почнаа да се појавуваат златни предмети, но после три месеци не успеале да дојдат до богатство во длабочините.
Според проценки езерото можеби содржи и до 300 $ милиони евра во злато. Многу истражувачи и разбојници се обидувале да го украдат богатството на дното на езерото, се до 1965 година, кога Колумбија конечно не го заштити просторот.
Скриениот пустински град во Дубаи

5

Емиратите се познати по нафта, но нивната пустина ги крие и изгубените градови.
Julfar најпознатиот изгубен град на Арабија, и долго време ги фрустрира историчарите, бидејќи, покрај многу пишани извори, истиот се уште не може да биде пронајден.
Во средниот век бил големо пристаниште, а од него потекнуваат познатите арапски навигатори, Ahmed ibn Majid, и Iin Sinbada. Но, по 1000 години просперитет, градот почна да паѓа во заборав. Познато е само дека се наоѓа некаде северно од Дубаи.
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО