9 апокалипси кои светот ги преживеа

Како што секоја година медиумите ни го најавуваат крајот на светот, да не ја заборавиме фамозната 2012 година, кога сите се простивме со јака журка, или кој како, додуше, еве еден преглед на 9-те најпознати апокалипси кои светот ги преживеа до сега.
9. Dust Bowl
Апокалиптична суша ги погоди САД за време на триесеттите години на минатиот век, за време на најтешкиот период на Големата депресија. Неконтролирано земјоделството ја уништи растителната култура, поради што се крена голема прашина. Цели градови се гушеа под неподносливиот притисок на истата. После неколку нови закони и години, кризата заврши.

Dust-storm-Texas-1935

8. Монголските освојувања
Суровите и вештите војници, Монголци од Централна Азија, започнале со своите освојувања кои ги довеле до централна Европа. Попатно уништувајќи ги народите и цивилизациите, градовите и државите, а никој не ја знае точната бројка на нивните жртви. Сто години потоа, монголското царство се распадна.
7. Црна се чума зададе
Повеќето луѓе имаат слушнато за епидемија која е средниот век уби речиси половина Европа.

19dyk92jx7orzjpg

6. Недостаток на компирот
Кон средината на 19-от век, голем број на сиромашни луѓе зависеле од компир, како евтина храна. Повеќето од нив биле Ирци, а кога имало недостаток на овој вид на храна, луѓето буквално умирале на улиците на европските градови од глад.
5. Триесетгодишната војна
Една од најпознатите, или најозлогласените верски војни, во историјата на Европа, со децении ја опустошувала Централната Европа. Многу германски градови биле срамнети со земјата, а ова го потврдува и уништувањето на Магдебург, во кој загинале 25.000 заробени цивили.
4. Втората светска војна
По пет години војување на сите континенти и повеќе од 80 милиони мртви војници и цивили, Втората светска војна заврши со предавањето на Јапонија. Светската економија била толку тешко оштетена што половина од светската индустрија била во САД.

140828132519-06-world-war-ii-horizontal-large-gallery

3. Падот на западниот Рим
По речиси еден милениум од своето постоење, во петтиот век од н.е., пропадна Западното Римско царство. Готите, Визиготите и вандалите ја уништиле најмоќната и најголемата империја во светот.
2. Падот на династијата Чинг
По падот на династијата Чинг, кон средината на 19-от век, милиони луѓе секоја година умирале од глад.
1. Магедон
Градот Магедон некогаш бил најважната раскрсницата на трговските патишта. Тогаш најмоќната сила, Асирците и Египќаните, десетина пати го напѓале градот. Се воделе толку крвави битки, што само името на градот остана живо. Имено, името на последната битка, односно Армагедон, малку е променето името на грчкиот град Магедон.
Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО