Angra – звукот на бразилскиот метал

Бендот Angra првично е формиран во 1991 година, а денес е еден од најголемите бразилски метал бендови. Бразилскиот бенд е различен и интересен поради своите симфониски интермеца и технички аранжмани, плус спојка на метал и бразилски фолк елементи. Angra, како бенд, е пример на флексибилност во музиката.
Angra е формирана од студентите на Santa Marcelina Music College, вокалистот Andre Matos и гитаристите Rafael Bittencourt и Andre Linhares. Подоцна им се придружуваат Markos Antunes (тапани) и басистот Luís Mariutti.
Првиот албум “Angels cry” е издаден во Бразил во 1993 година, а албумот содржи многу класични влијанија, како и обработка на познатата песна на Кејт Буш “Wuthering heights”, која Matos успеа да ја испее со иста страст, ако не и подобро од самата авторка.

Во 1994 година Angra беа предгрупа на AC/DC во Бразил, а беа поканети и на бразилскиот Monsters of rock фестивал. По фестивалот бендот тргна на бразилска турнеја. “Holy land”, аллбумот кој вклучува оркестрација, хорови и бразилски ритмови, беше објавен во 1996 година.

Во 1998 година бендот го издаде синглот “Lisabon”, проследен со албумот “Fireworks” кој отстапува од претходните експериментални звукови на бендот, фокусирајќи се повеќе на нео-класичниот звук, со помалку бразилски ритмови.

Во 2000 година главниот вокалист, Andre Matos, ја напушта групата. Бендот пронајде нов вокалист Eduardo Falaschi, тапанар Aquiles Priester и басист Felipe Andreoli, вкулучувајќи ги останатите членови на групата Kiko Loureiro и Rafael Bittencourt. Оваа постава го сними албумот “Rebirth“, кој излезе во 2001 година.
“Temple of Shadows“ е снимен во 2004 година, а на албумот гостуваа Kai Hansen (Gamma Ray), Sabine Edelsbacher (Edenbridge), Hansi Kürsch (Blind Guardian) и бразилската легенда Milton Nascimento. Се работи за концептуален албум кој ја раскажува приказната на фиктивниот лик наречен “The Shadow Hunter.“
Во 2012 година, вокалистот Edu Falaschi го напушта бендот. Обидот да се врати Matos како главен вокалист беше неуспешен, а новиот вокалист станува Fabio Lione (ex-Labyrinth, Rhapsody of fire).

fabiolione-angra13

Во ноември, 2014 година, бендот го објави осмиот студиски албум, “Secret garden”.
“Secret garden” е уште едно ремек дело на групата кое ветува дека ќе стане голем класик во светот на метал музиката. И овој албум е концептуален. Песните ја раскажуваат измислената приказна за научникот Morten Vrolik.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО