Rammstein има своја сопствена текила

Често можеме да видиме бендови кој ги представуваат своите брендови на пиво, но Rammstein реши да се обиде да создаде своја сопствена текила.

Официјалната текила на бендот може да се нарача на територијата на ЕУ (со исклучок на Финска и Шведска). Се работи за Reposado текила од Мексико. Конзервирано овошје и арома на агава се измешани со ванила и карамела. Златно-жолтата боја ќе ви го загрее грлото со своите 38% алкохол.

Покрај тоа оваа текила е подготвена на специфичен начин, а пакувањето е уште попривлечно; рачно изработено од кожа со посебно лого и чипка на задната страна. На врвот е тапа во форма на 3D верзија на логото на Rammstein од леано железо кое тежи 260 грама.

Единственото нешто што можеби нема да ни се допадне кај оваа текила е нејзината цена која чини 79 евра.

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО