RZA & SHAVO:ACHOZEN BOOMBOX PRO EDITION

Рза и Шаво Одаџијан (bass player@Sistem Of A Down) се дружат од почетокот на 2000, конечно нивната колаборација наречена Achozen ќе го здогледа светлото на денот.

achozen-details

Арно ама во каков формат-тоа е прашањето? Рза како љубител на интересните идејни решенија реши и ова издание да го однесе малку подалеку. Албумот ќе се продава за 119 долари преку Boombotix.com во специјален звучник, кој ќе ви го пее албумот-како музичка кутија, рецимо.Албумот се совпаѓа со датумот од 100 години од Ерменскиот геноцид (направен од страна на Отоманската Империја) и нема етикета (независно издание е) која ќе им мрчи што да прават-а што да не.

achozen0002Изданието со 8 траки има гостувања од George Clinton, GZA, John Frusciante и ѕвездата од The Man With The Iron Fists-Russell Crowe (што праи Расел-не се знае.) и е опишано како “хипхоп албум кој фузира позитивни влијанија со безжанровски звуци”

 

 

Категории
Текнувало

ПОВРЗАНО