Бизарни ритуали кои се практикуваат и денес

Вршење на одредени ритуали и практити може да се одвива во тишина, индивидуално изговарање на мантри, молитви и сл., но некои ритуали понекогаш можат да бидат бизарни, болни, па дури и насилни.

Ова се некои од најбизарните ритуали во светот.

Канибализам и некрофагија

Индијанското племе во градот Варанаси по име Агора Бабас е познато по тоа што ги јадат мртвите луѓе. Тие веруваат дека луѓето најмногу од се се плашат од сопствената смрт, а стравот претставува пречка во духовното просветлување.
Некои луѓе, особено светиците, децата, бремените жени или луѓе кои умреле од лепра или биле каснати од змија не треба да бидат кремирани. Нивните тела се пуштаат во реката Ганг, а потоа ритуално се јадат.

1

Танцот на сонцето

Индијанците се познати по своите бројни ритуали во чест на духовите на земјата. Ритуалите се изведуваат во форма на молитва упатена до Големиот Дух, при што тие се жртвуваат со цел да воспостават врска со Дрвото на животот. По тој повод тие мораат да се обидат да се ослободат од јажето кои им е прицврстено за кожата, нишајќи се напред и назад. Овој болен ритуален танц може да трае со часови.

'Sun' or 'Thirst' dance by Cree Indians of north-west Canada to prove themselves braves - Date: 1886

Скокање

Островот во Пацификот по име Бунлап крие еден чуден ритуал. Тие пеат и танцуваат, заедно со звуците на тапаните, потоа ги избираат волонтерите кои скокаат од огромна дрвена кула, изградена специјално за овој повод. Се верува дека скок од поголеми височини гарантира поголем благослов од боговите.

3

Посмртниот ритуал на Јаномани

Племето Јаномани од Амазон верува дека смртта не е природна појава. Откако некој ќе почине неговото тело се кремира, а потоа пепелта се меша со ферментирани банани и се јаде. На овој начин починатиот член продолжува да живее во заедницата.

Brazil. Amazon rain forest. Yanomami Indian butchering a wild pigs they killed on their way to an abandoned garden where they still harvest a few things like manioc and fruits.

Небесниот погреб

Во Тибет постои пракса наречена “Jhator“ или небесен погреб. Будистите веруваат во реинкарнација, па сметаат дека нема потреба за зачувување на телото после смртта, бидејќи душата веќе се преселила во другиот свет. Ова е причината зошто мртвите тела сеносат на планина каде ги јадат мршојадците.

5

Танц со мртвите

Традицијата на “вртењето на коските” се одржува во Мадагаскар, а поврзано е со верувањето дека душата побрзо ќе замине на другиот свет ако побрзо се распадне. Затоа се ископуваат мртвите тела и се танцуваа со нив околу греблото, а потоа повторно се погребуваат. Овој бизарен ритуал се повторува на секои две до седум години.

6

Прободување

На островот Пукет, во јужниот дел на Тајланд, се практикува еден од најекстремните ритуали. Учесниците за време на церемонијата се прободуваат со ножеви, копја и сл. по лицата, верувајќи дека на тој начин боговите ќе влезат во нивното тело и ќе ги заштитат од злото.

PHUKET, THAILAND - SEPTEMBER 29: A vegetarian festival devotee parades through the streets on September 29, 2014 in Phuket, Thailand. Ritual Vegetarianism in Phuket Island traces its roots back to the early 1800's. The annual festival begins on the first evening of the ninth lunar month and lasts for nine days. Participants in the festival perform acts of body piercing as a means of shifting evil spirits from individuals onto themselves and bring the community good luck. The ritualized mutilation is performed at a local Buddhist shrine under a trance-like state and is careful supervised.  (Photo by Borja Sanchez-Trillo/Getty Images)

 

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО