Блиски средби на вонземјани и рок звезди

Верувале во нив или не, постојат многу интересни приказни за видувањата на неидентификуваните летачки објекти, сведоци на наводните вонземни киднапирања и нивните болни експерименти придружени со преземање на репродуктивни материјали за создавање на хибридните видови.

3
Со доаѓањето на интернетот и развојот на технологијата собирањето на податоците за наводните НЛО инциденти стана многу полесно. Денес интернетот е преплавен со различни слики од небесните феномени, планети, комети, авиони кои погрешно се толкуваат како нешто таинствено.

Меѓу музичарите кои изјавиле дека виделе неидентификувани летечки објекти се издвојува Френк Запа кој во 1991 година тврдеше дека и тој самиот бил сведок на овој феномен.

6

Дејвид Боуви вели дека тој и неговиот пријател гледале НЛО толку често што можеле и да предвидат кога повторно ќе се појават на небото. Том DeLonge, гитаристот и пејачот на групата Blink-182 пишувал многу текстови за вонземското присуство на Земјата и теориите на заговор.

Првиот случај во кој двете музички икони на шеесеттите години имале блиска средба се случи во текот на летото во 1968 година, во близина на Гластонбери. Мик Џегер и Маријана Фејтфул наводно виделе НЛО на небото над шаторот каде што кампувале. Следната година Џегер повторно виде неидентификуван летечки објект за време на концертот на Ролинг Стоунс.

2

Џон Ленон во текот на вечерта на 23 август во 1974 година излезе на балконот во Менхетен да земе свеж воздух кога виде огромен заоблен објект со силни црвени светла.

Овие случаи на необичните небеснит феномени не се ограничуваа само на небото. Некои познати личности имале и средби со луѓе од вонземно потекло. Една од најбизарните средби наводно се случи кога осумгодишниот Елвис Присли телепатски комуницирал со два ентитета.

Гитаристот на Кинкс, Дејв Дејвис исто така тврди дека од детството имал повеќе средби со НЛО, како и тоа дека ги слушал гласовите на вонземјаните во главата.

Пејачот Семи Хагар (Ван Хален) тврди дека на 18-годишна возраст бил разбуден од силна светлина во спалната соба, по што бил пренесен во вселенскиот брод.

Бизарен случај му се случи и на гитаристот на Грејтфул Дед, Џери Гарсија, кој помина 48 часа во футуристички простор опкружен со инсектицидни суштества.

4

Но, кога станува збор за масовно НЛО киднапирање, сите членови на непознатиот канадски бенд од кои само едниот е идентификуван, како Том Кембел, биле киднапиран од НЛО во близина на реката Јордан во Онтарио во 1973 година.

Меѓу особено интересните случаи постојат две приказни поврзани со Џими Хендрикс, кој неколку пати како дете видел НЛО. Првиот пат тоа се случи во на патот во близина на Вудсток, во почетокот на 1965 година.

LI*468819

Вториот случај се случи за време на еден од последните концерти на Хендрикс. После концертот, неколку посетители тврделе дека виделе НЛО, што пријавиле и во полиција. Еден снимател, кој го снимаше концертот, исто така тврди дека видел летачка чинија.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО