Викинзите ја измислиле рап битката во петтиот век?

“Flyting“ е име за ритуално, поетска размена на навреди, а се практикувала главно помеѓу 5-ти и 16-ти век. Зборот потекнува од староанглискиот збор“flītan“, што значи караница. Сличен на модерните “рап битки” античкиот flyting често беше провокативен и вклучуваше “обвинувања за кукавичлук или сексуална перверзија.”
Нордиска литература содржи приказни за flyting на боговите. Постојат примери на “рап битки“ помеѓу боговите Локи, Один и Тор.
Предизвикот на спонтано составувате возврати во стихована форма во тоа време беше начин да се тестира интелигенцијата и снаодливоста, како и имагинацијата. Дуелите се користеле и како ритуални тестови, како, на пример, во Beowulf, каде Unferth започнува “flyting“ со Beowulf како еден вид на “интервју”.

thor_and_loki_background__by_quinae-d3fjcb7

Во англо-саксонската Англија, flyting се одржуваше во сали на веселби. Победникот беше одлучуван од реакциите на слушателите, односно публиката. Наградата беше, секако, голема чаша пиво или медовина.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО