Во викингшка гробница е откриен канабис?

Научниците откриле тело на жена на бродот Oseberg со кожена торба полна со канабис.

Oseberg датира од 834 п.н.е. и е најбогатата викингшка гробница што досега е откриена. Бродот е откопан во 1904 година, а на бродот биле пронајдени две тела на жени. До нивните тела имало неколку ткаени таписерии, украси, животински коски на 15 коњи, четири кучиња, крави, бик и др.

Она што сите се прашуваат е кои биле овие две дами?

le_bateau_viking_doseberg_4836398163-480x640

Мора да биле доста влијателни во својата заедница за да им се приреди оваков погреб. Значи дека овие жени би можеле да бидат религиозни или политички лидери кои од време на време очигледно сакале да си пафкаат.

Постарата жена во рака ја држела кожената торба со канабис. Бидејќи трпела многу болка се шпекулира дека канабисот го користела како аналгетик. Но со оглед на нејзиниот можен статус на верски лидер, канабисот можеби имал духовна конотација и се користел во ритуали.

Викинзите имале извонредно познавање на растенија, некои ги користеле за лекување на болести, за олеснување на болката, додека другите за опојни средства.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО