Запознајте го балканскиот Неси од Дунав наречен Кемза

За балканскиот Неси, наречен Кемза, кој демне во реката Дунав постојат многу приказни, најмногу во Смедерево каде локалните речни рибари со векови ја пренесувале легендата за Кемза, чудовиште кое од длабочините ги демне рибарите и пливачите.
Никој не знае кога за прв пат се спомнува Кемза, но судејќи според името, кое најверојатно има турски корени, приказните датираат од времето кога со овие области управувала Отоманската империја.

kemza3

Етнолозите претпоставуваат дека се работи за преработка, односно, комбинација на некои од словенските митови за водените духови. Кемза ги мами рибарите и пливачите во вировите каде ги напаѓа со опашката.
Приказните на оние кои, наводно, доживеале блиска средба со чудовиштето се разликуваат во голема мера. Според некои Кемза е огромен сом покриен со кал и трева. Други тврдат дека се работи за човеколико сушстество со канџи и долга опашка.

kemza

За разлика од многу попопуларното чудовиште од Лох Нес, Кемза нема стекнато голема популарност. Една од причините за тоа е што не постојат никакви снимки кои би го потврделе неговото постоење, дури ни матни, односно лажни, како што има неговиот колега Неси. Можеби Кемза не постои, а можеби се крие во длабочините на Дунав, чекајќи ја својата следна жртва.
Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО