Засадиле марихуана, бидејќи немале доволно пари за лек

Полицијата поднесе кривична пријава против семејството од Славонски Шамац.
Семејство се изненади кога полицијата ги осуди за криминал, бидејќи пронајдоа кај нив расад на канабис за лекување на болното дете, како што велат.

Според пишувањата на порталот ebrod.net на 16-годишната ќерка на семејството и бил дијагностициран канцероген тумор. Веќе имала проблеми со дијабетес и со алергии, поради што многу тешко ја толерираше хемотерапијата. И покрај борбата на лекарите да и помогнат, метастазите од левата нога се проширија на десната нога, а потоа на левата рака и рамото.

Татко и мајка, исто така, боледуваат од рак. Тие сметаа дека може да им помогне масло од канабис, сепак не можеа да го добијат на рецепт, затоа одлучија да засадат индиски коноп кој требаше да послужи како лек да им помогне на нивното дете.

Полицијата ги уапси под сомневање за кривично дело за недозволено производство и трговија со дрога.

2

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО