Кога иконите на хорор филмовите би ставиле оглас за девојка

Најомилена разонода на повеќето луѓе е читање на оние смешни огласи во кои типови и типки бараат дечко, односно девојка за дружење, брак или секс. Но, што кога познатите икони на хорор филмовите би напишале еден ваков оглас, во потрага кон својата сродна душа, како би изгледале истите? Се обидовме да им влеземе во главата на овие опасни момци и да направиме краток љубовен вовед, за да им помогнеме да ја пронајдат вистинската личност со која ќе го поминат животот.

Гроф Дракула

1

Алијаси: Гроф Орлок, гроф Дракул
Сака: Крв и жени (не нужно по овој редослед)
Сила: бесмртност, натчовечка сила, менување на облици, контрола на умот
Слабости: лук, сончева светлина, крстови
Антагонисти: Ван Хелсинг, Џонатан Харкер

Бара убава млада дама која не се плаши од темница и затворени простори, како сандаци, крв и готичка архитектура. Предност имаат готичарки кои сакаат отворена врска, оргии и други жени.

Франкенштајн

729-23

Алијаси: чудовиштето на Франкенштајн, чудовиштето
Сака: да се вклопи во со остатокот од човечкото општество
Сили: Бесмртност, натчовечка сила, издржливост
Слабости: Страв од оган, кој е татко ми?, англиски
Антагонисти: Виктор Франкенштајн, тато

Мирен, повлечен, срамежлив, бара девојка за сериозна врска и брак. Предност имаат девојки од мешани бракови.

Врколак / Човекот Волк

Wolfman

Алијаси: Човекот Волк, Ликантроп
Сака: човечко месо
Слабости: Сребрено оружје (како куршуми)

Див, отворен за предизвици, авантуристички дух, сака мотори и виски и слобода. Предност имаат девојки кои сакаат природна убавина, стоп ботокс, стоп депилација, гајтан веѓа му е мајката.

Мајкл Маерс

4

Омилена мода: сива облека и бела маска
Антагонисти: Лори Хилари Клинтон и д-р Сем Лумис
Слабости: јазик, тинејџерки

Бара млада девојка за експериментирање без обврски. Предност имаат тинејџерки со лабилен карактер и обожуватели на ножеви и други остри предмети.

Фреди Кругер

????????????????????????g

Алијаси: Springwood slasher
Омилена мода: црвено-зелен џемпер и кафеав шешир
Антагонист: Нанси Томпсон
Сили: можност да влезе во соништата на тинејџерите
Слабости: обземеност со деца

Бара млади девојки или момци со вивидна имагинација. Предност имаат луѓе кои не се плашат да сонуваат.

Ханибал Лектор

6

Алијаси: Ханибал-канибал, Ил Мостро
Омилена храна: црн дроб со грав и убаво вино
Антагонисти: Вил Греам, Кларис Старлинг
Сили: интелект
Слабости: човечко месо

Сака отворена, дама која ужива во гурманска, домашно зготвена храна, долги прошетки и интелектуални разговори и филозофии.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО