Конечно е откриена тајната на Бермудскиот триаголник?

Бермудскиот триаголник е една од големите мистерии која им задава главоболка на научниците и морнарите со години. Во текот на последните неколку векови се смета дека десетици бродови и авиони исчезнаа во делот на Атлантскиот Океан наречен триаголникот на Бермуда. Место обвиткано во мистерија години, според последните наоди изгледа конечно ќе може да се реши.
Нова теорија е центрирана околу подводните кратери кои го објаснуваат сето тоа, иако кратерите кои биле откриени всушност не се никаде во близина на митско место – тие се во Норвешка.

IMAGE PROVIDED BY CHANNEL 5

 

Според Сандеј тајмс, истражувачите од Универзитетот на Норвешка објавиа соопштение во кое се објаснуваат овие нови наоди.
“Постојат повеќе џиновски кратери на морското дно во областа во западниот и централниот дел на Баренцовото Море кои се најголемите жариштата за ослободување на метанот во Арктикот. “

Се верува дека половина милја широките кратерите се создадени од метанот под морското дно, формирајќи празнини кои пукаат и експлодираат. Ова може да понуди објаснување за тоа што се случува во Бермудскиот триаголник. Експертите ги користат овие информации за да им помогнат да дознаат дали токму тоа е причината зошто бродовите тонат.

bermuda 3

Ова не е прв пат истражувачите да шпекулираат дека подводните експлозии од овој вид можат да ни обезбедат одговори.
Од очигледни причини кратери од овој вид создаваат страв кај морнарите но тие не се единствената можна причина за потонувањето на бродовите.
Дали меурчиња на гас се опасност за бродовите? Дали оваа теорија ни ги даде одговорите на мистеријата на Бермудскиот триаголник? Или наодите ќе бидат оспорени како и другите теории во минатото? Претпоставувам дека само времето ќе покаже.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО