Конечно знаеме што е дежа ву…или не

Како и секоја статија која започнува со осредено истражување и оваа ќе ја започнеме на класичен начин со: Научниците имаат ново објаснување за едно од најчудните особености на нашиот мозок – феноменот наречен дежа ву. Шкотскиот професорот Акира О’Конор мисли дека се работи за далавери во нашиот мозок.

5493466_f520

За да ја докаже оваа теорија О’Конор спроведе низа експерименти, кои вклучуваа вештачко поттикнување на дежа ву.
Функционална магнетна резонанца покажа дека најактивните области на мозокот во таквите моменти се оние кои се одговорни за донесување на одлуки, а не спомени.
О’Конор претпоставува дека овие мозочни области го создаваат чувство на дежа ву, бидејќи тие во нашите сеќавања ги бараат грешките. Кога ќе најдат недоследност одеднаш се активираат, што резултира со чувство на веќе видено.

deja

Потребни се уште многу податоци за оваа теза да се докаже, но доколку е точна тоа ќе значи дека нашиот мозок го проверува квалитетот на нашите сеќавања и бара недоследности помеѓу она што навистина го паметиме и она што мислиме дека го паметиме.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО