Кој бил човекот зад железната маска?

Се сеќавате на филмот од 90-те години: „Човекот во железната маска“? Историски филм снимен спроед истоимената приказна на писателот Александар Дима?

Во филмот приказната го следи тајниот брат близнак на суровиот крал Луј XIV-ти. Секако, Дима својата верзија на познатата приказна за тајниот човек скриен зад железната маска ја измислил. Но, дали навистина знаеме кој бил мистериозниот затвореник во Бастилја?

_1463085901

Во затворот Пинероло, а потоа и на островот Света Маргарита и во Бастилја, со децении бил затворен човек чие лице никој не го видел. За овој затвореник се создадени многу фантастични приказни кои со векови предизвикувале интерес и имагинација.

Во петок на 18 септември, 1698 година, во три часот попладне, гувернерот на Бастилја, Сен Марс, влезе во замокот. Со него беше еден човек, затвореник од Пинероло и Света Маргарита.
Лицето му беше скриено со венецијанска црна маска. Единственото нешто што чуварите можеле да видат на мистериозниот затвореник беше бела коса, светли очи и сјајни заби.

16247093_2Тој веднаш бил однесен во ќелија во кулата Бизиниер. Чуварите на затворот не знаеле која е причината за неговото затворање. Маскираниот човек константно беше под строга стража. Влезот во неговата соба беше заклучен со три врати. Храна му носеле двајца страљжари во согласност со протоколот на Версај: На секоја врата бил еден чувар кој му ја подавал чинијата на другиот чувар. Приборот за јадење бил внимателно разгледан, за да се спречи ширење на пораки. Ниту во Бастилја затвореникот не смеел да ја извади маската.

После пет години, во недела на 18 ноември 1703 година маскираниот човек одеднаш се разболе. Ситуацијата се влоши во текот на денот, а мистериозниот затвореник почина истата вечер.
Тој беше погребан еден ден подоцна.

После овој настан почнаа да се шират фантастични приказни поврзани со мистериозниот човек зад железната маска.
И покрај различните претпоставки, мистеријата останува неоткриена.

Man_in_the_Iron_Masque_crop

Еден период за време на владеењето на Луј XIV-ти почнале да се шират гласини декакралот Луј имал брат, Филип од Орлеанс, две години помлад од него. Сепак, ова биле само шпекулации кои најверојатно немале основа.

Според овие теории за да се избегнат недоразбирања подоцна за наследникот на кралот, решено е Филип да се чува на безбедно место, подалеку од љубопитните очи. Според тоа, тој бил жртва на државните интереси на кралот. Сепак, историската реалност не се совпаѓа со оваа храбра претпоставка.

Кој бил навистина мистериозниот човек зад железната маска…веројатно никогаш нема да откриеме.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО