Луди и чудни работи кои ги прават актерите да влезат во карактерот

Големите филмски ѕвезди се речиси недопирливи. Ги гледаме како се движат низ црвениот тепих, како модерни богови кои никој не може да ги допре. Тие живеат во свои луксузни станови, патуваат низ светот и го живеат животот во потполност, само бидејќи ги читаат приказните кои некој друг ги напишал. Ова звучи едноставно, нели?

Па, ова не е точно. Талентирани и посветени актери постојано прават огромни жртви и секогаш ги преминуваат сопствените граници со цел совршено да го прикажат ликот и совршено да ја раскажат својата приказна.

Подолу можете да прочитате за некои од најчудните и најлудите работи кои ги прават актерите со цел да влезат во карактерот што го глумат.

Ментална институција

На пример за посветеноста на екипата на Мајкл Форман при снимање на познатиот филм “Лет над кукавичјото гнездо,” поголемиот дел од тимот се пријави во вистинска ментална институција.

akter3

Бојкотирање на личната хигиена цел месец

Хале Бери во текот на нејзината кариера откри дека таа не се бањала цел месец со цел да се подготви за улогата на бездомник и зависник во филмот „Jungle Fever.“

Екстремна исхрана и совладување на балет

Натали Портман за својата улога на Нина во Црниот лебед повеќе од една година вежбала балет. Исто така така беше на строга диета од 1200 калории дневно. Сепак, нејзината напорна работа и посветеност се исплатиле, бидејќи го освои својот прв Оскар со оваа улога.

Изолација

Хит Леџер за улогата во “The Dark Knight”, на Џокер се затвори далеку од луѓето, во хотелска соба шест недели пред снимањето.

akter2

Жртвување на сè

Адриен Броди беше толку посветени на неговата улога на Владислав во Пијанист. За да се подготви за улогата тој сакал да дознае како е да се загуби сè. Тој го продал својот автомобил, телефон, стан, и се откажа од луксузниот начин на живот.

akter1

Возење на патници низ Њујорк

Роберт Де Ниро е популарен по своите крајности, кога станува збор за подготовување за филмска улога. За потребите на филмот „Такси“, Де Ниро ги возеше патниците низ Њујорк. Тој го правеше ова неколку недели во 12 часовни смени.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО