Маркиз де Сад – порнограф, психопат или уметник?

de sad1Маркиз де Сад (1740-1814), чие вистинско име беше Donasjen Alfons Fransoa, беше аристократ и писател. Во негово време со неговото име беа поврзувани секс скандали, а подоцна и темните страни на човековата личност. Од неговото име се формира концептот на садизам и садомазохизам.

Маркиз де Сад потекнувал од многу старо благородничко семејство. Учествувал во Седумгодишната војна. Познат е по својот развратен живот, ги ангажира актерките и проститутките да учествуваат во неговите забави кои на моменти биле затворувани од властите.

Затворен е во Венсенскиот затвор, а потоа и во Бастилја, каде остана до 1790 година. До смрт живеел во затворите, додека неговите дела ја добиваат филозофската тежина дури после 30-те години на 20-от век.

Во 1772 година во Марсеј тој организирал оргија во која, освен него, учествувале и четири проститутки, како и слуга по име Летур. Само по себе, ова било кривично дело во тоа време, бидејќи се заобиколувала репродуктивната функција на сексот. Аналниот секс беше казнуван со смрт во Франција во осумнаесеттиот век. Сепак, за страста на де Сад никој немаше да дознае се додека не се случи нешто бизарно.

Имено, тој на платените девојки им служел големи количини на чоколадо зачинето со популарен афродизијак “шпанска мушичка”. Проститутките имале тешки несакани дејства од оваквата исхрана, што се посомневале дека де Сад ги труел. Веднаш ја известиле полицијата со обвиненија за обид за убиство, иако овие наводи се докажале неосновани, во текот на судењето е спомната и содомија.
Поради ова тој бил принуден да побегне од законот во странство, во придружба на Летур и неговата љубовница Ана де Монтреј, сестрата на неговата сопруга.

de sad2

До тогаш тој беше целосно несвесен за можните последици од своите постапки. Израснат во семејство које ги делеле неговите перверзни вкусови, тој не верувал дека прави нешто погрешно. Исто така сметал дека како член на аристократијата има право да прави што сака со луѓето околу него, без да биде казнет или осудуван за тоа.

Токму во затворот тој почна да пишува приказни, од кои е најпознатата: “120 дена на Содома”, “Жастин” и “Филозофија во будоар”.
Овие романи се мешавина од екстремна порнографијата, базирана врз неговите лични преференции и филозофски дискусии за природата на гревот и силата, со кои се обидувал да ги одбрани своите ставови и начинот на живот на либерален атеист.
Почина во 1814 година, а неговиот череп подоцна беше ексхумиран поради френолошки тестови.

Ликот и делото на Маркиз де Сад со векови биле предмет на фасцинација, која продолжува и денес. Тој влијаел врз многу писатели и уметници, но, исто така и филозофи и психоаналитичари.
И покрај тоа што неговите дела конечно биле прифатени и објавени во 20-от век, тој не престанува да ги шокира и изненадува своите читатели со увиди во најтемните агли на човечката психа за кои никој не сака да зборува.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО