Мистериозните фигури од Винча се доказ за постоењето на вонземјаните?

Според многу истражувачи античката култура на Винча ги рефлектира вонземските посетители, богови, кои дошле од небото да ја изградат цивилизацијата и да ја поделат со луѓето потребната технологија.
Постојат многу шпекулации за постоење на вонземските суштества и нивните контакти со древните цивилизации во далечното минато. Примери за ова можат да се пронајдат низ целиот свет.
1
Многу древни цртежи покажуваат суштества со овални глави, гигантски коси очи и темни зеници и мали усти без усни. Нивната глава обично е поголема од остатокот од телото, а бојата се движи од сино-сива до светло кафена.
Меѓутоа, овие цртежи и фигурини се создадени 7.000 години пред нашата ера во некои европски земји, помеѓу поранешната Југославија и Грција.
Многу од овие докази се тестирани и се испостави дека се автентични. Меѓу најпознатите докази е наследството од културата Винча, од регионот Винча, во близина на Белград, Србија. Во оваа област се откриен повеќе од 2.000 мистериозни фигури.
Археолозите откриле дека луѓето од овој регион одеднаш добиле значителен импулс кој им помогна да станат цивилизирано општество и да го развијат јазикот и писмото со фонетски знаци.
Сето ова се случи неколку илјади години пред појавата на големите антички цивилизации во долината на реката Еуфрат и Нил. Истражувачите ја сметаат оваа култура за археолошка аномалија. Многумина од нив не можат да го објаснат феноменот како една култура може да биде толку напредна, додека другите цивилизации биле во неолитската ера.
4
Најчудното е тоа што, покрај бројните керамички предмети и цртежи во различни форми, се пронајдени фигурини кои претставуваат антропоморфни суштества кои изгледаат повеќе како вонземјани отколку луѓе, поради ова многу луѓе веруваат дека вонземјаните ја посетиле оваа култура во далечното минато. Иако фигурините од Винча се уникатни, сепак истите потсетуваат на уметноста на другите култури од Месопотамија и Америка.
Она што е особено карактеристично за фигурините од Винча се лицата кои се во форма на триаголник со искосени очи кои во немаат нос. Некои од фигурините и физички им одговараат на хибридните суштества, некаква комбинација на човек и рептил.
Се верува дека овие чудни фигури ги претставуваат божествата од кои некои се добри, а некои се лоши. Научниците немаат објаснување за причината зошто многу од нив личат на животни.
Според истражувачите, најзначајните личности се оние со нормална големина на глава, со некој вид на шлем или маска преку лицето.

3

Овие податоци отвораат многу прашања интересни за интерпретација. Дали тие имале контакт со вонземјани? Или тие едноставно биле напредни во споредба со другите култури?

2

Древните ориенталните текстови и доктрини често зборуваат за многу напредни луѓе кои учествувале во формирањето на современата цивилизација. Овие текстови се појавуваат во речиси сите култури низ светот, но поради некоја причина мејнстрим науката ги заобиколува.
Дали нашите претци имале бујна имагинација поради недостаток на интернет и други технолошки играчки, поради премногу слободно време, страв од непознато и страв од виши сили или сме сите потомци на рептилската раса, оставам на вас да теоретизирате.
Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО