НАСА потврдува: марихуаната содржи “вонземјански ДНК”

Оваа голема вест не шокира и забави. НАСА потврдува: марихуаната содржи “вонземјански ДНК”.

Бидејќи кликнавте на оваа статија веројатно сте заинтересирани за ова истражување. Забележено е дека многу статии се шеруваат, без воопшто да се прочитаат. Во април минатата година на Фејсбук е споделена една статија на која прашува: “Зошто не Американците не читаат?”. Оваа шега беше пуштена вирално за да се добие одговор дали следбениците на страната ќе го поделат своето мислење со нив, без да кликнат на линкот, а резултатите не разочараа.

Група на компјутерски научници од Универзитетот Колумбија и Националниот институт на Франција погледнале во базата на повеќе од 2,8 милиони онлајн вести, односно статии, кои беа споделени преку Твитер. Истражувањето покажа дека околу 59 проценти од линковите споделени на Твитер всушност никогаш не се кликнати од страна на следбениците, што укажува на тоа дека корисниците на социјалните мрежи повеќе споделуваат содржини отколку што всушност кликнуваат на нив да ги читаат.

Ова е типично за модерното општество. Луѓето го формираат мислењето врз основа на кратката содржина, или содржината на кратката содржина без обид или желба да навлегуваат подлабоко во темата.

Ова истражување се занимава со психологијата на луѓето, односно, што стои зад она што ги тера луѓето да сакаат да споделат одредена содржина, односно статија. Што ги мотивира луѓето да споделуваат информации? Нешто помалку од половина од анкетираните луѓе во ова спроведено истражување изјавиле дека споделуваат информации на социјалните медиуми да ги информираат луѓето. Спротивно на тоа, 68 проценти анкетирани луѓе ги споделуваат содржините за да ја зајакнат и да проектираат одредена слика за себе, во некоја смисла, да се дефинираат себеси.

Погледнете каков било коментар на социјалните мрежи. Најчестите коментари се поврзани со контроверзни и “емотивни“ теми како климатските промени, ГМО, вакцинации, вонземјани, марихуана.

Значи, ако сте еден од среќните неколку кои успеале да кликнат на оваа статија и да го прочитаат овој текст, ви честитаме. Се извинуваме за погрешниот наслов. Но, за овој експеримент да не пропадне, споделете ја статијата и видете дали ќе се развие расправија за марихуана, вонземјани, генетика, без воопшто да се прочита статијата и кажете ни дали успеавте со вашиот експеримент.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО