Најмистериозните личности во историјата

Често се среќаваме со мистериозни личности во нашиот живот, кои навидум кријат многу тајни. Веројатно никој од нашите блиски пријатели не чува никаква филмска тајна која не смее да ја каже, бидејќи светот ќе се уништи.
Во текот на историјата се имаат појавено неколку мистериозни личности за кои не се знаело кога се родени, дали имаат посебни моќи, дали се вампири, маѓепсници или нешто во тој стил.

Запознајте ги мистериозните личности кои со своето присуство всадувале чувство на нелагода, мистерија и мистика.

Г-дин Шушани

1

(? – 1968) Шушани бил прекарот на мистериозниот еврејски учител чии студенти подоцна станале високо почитувани луѓе во повоената Европа. Меѓу неговите студенти биле Емануел Левинас, францускиот филозоф, и Ели Визел, добитникот на Нобеловата награда за мир во 1986 година. Сепак, малку се знае за Шушани, вклучувајќи го и неговото вистинско име, неговото потекло и целосната биографија. Овие податоци се чуваат во строга доверливост. На неговиот гроб во Монтевидео (каде што умрел) пишува: “Благословен спомен на Рабинот Шушани. Неговото раѓање и живот се запечатени во мистерија.”
Единственото нешто што се знае за него е дека тој бил експерт во многу области на науката, математиката, филозофијата, а особено го познавал Талмудот. Овие податоци се содржани во записникот и разговорот со неговите ученици.

„The Poe Toaster“

2

„The Poe Toaster“ е прекарот на мистериозниот човек кој му давал почит на Едгар Алан По со посетување на неговиот гроб секоја година. Чудната традиција започна во 1949 година, сто години по смртта на Едгар Алан По, и продолжи секоја година на роденденот на писателот, на 19 јануари. Мистериозниот обожавател оставал три црвени рози и половина шише коњак на неговиот гроб. Тој (или таа) бил облечен во црна шапка и палто, со шамија преку лицето.

Каспер Хаузер

3

На 26 мај, 1828 година, на улиците на Нирнберг се појави едно момче. Тој носел писмо упатено до капетанот на 6-от регимен. Непознатиот автор на писмото вели дека тој го чувал момчето и дека никогаш не го пуштал надвор од куќата. Кога момчето изрази желба да стане војник капетанот треба да го прими или да го обеси. Момчето по име Хаузер тврди дека целиот живот го поминал во темна, мала соба. Според тогашните шпекулации Каспер Хаузер е наследник на кнезот на Баден, роден 29 септември 1812 година, кој почина еден месец подоцна.

Фулканели

4

Фулканели (1839 – 1953) е псевдоним на францускиот алхемичар и писател чиј идентитет се уште не е познат. Неговиот лик и дело се покриени со мистерија, што го прави културен феномен.
Се верува дека германската разузнавачка служба “Абвер“, во екот на Втората светска војна го барала поради неговото познавање на технологијата за нуклеарното оружје.

Грофот Сан Жермен

5

Грофот од Сент Жермен (наводно починал на 27 февруари, 1784 година), бил дворјанин, авантурист, аматерски научник, пронаоѓач, виолинист, композитор. Тој е познат како „Der Wundermann“ – чудо од човек.

Човекот зад железната маска

6

Човекот зад железната маска бил затвореник за време на владеењето на кралот Луј XIV. Вистинскиот идентитет на затвореникот никогаш не се дознал, бидејќи никој не го видел неговото лице, кое било скриено под црна кадифена маска.

Зелените деца од Вулпит

7

Зелените деца од Вулпит се две деца кои во дванаесеттиот век се појавиле во селото Вулпит, во источниот дел од Англија. Децата биле брат и сестра, а она што било чудно е бојата на нивната кожа-зелена. Со тек на времето нивната кожа ја изгуби зелената боја. Кога научиле англиски почнале да раскажуваат дека доаѓаат од “Земјата на Свети Мартин”, каде што владеела темнина. Постојат теории кои тврдат дека децата потекнуваат од паралелен универзум, или од некоја друга планета.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО