AMERICAN HORROR STORY: COVEN Bitchcraft - Episode 301 (Airs Wednesday, October 9, 10:00 PM e/p) --Pictured: Kathy Bates as Madame LaLaurie -- CR. Michele K. Short/FX

Ова се најлошите луѓе во светот

Историјата ги испишува крвавите и бруталните страници на нашите животи исполнети со егоизам сокриен под макијавелизмот и потребата за моќта. Иако постоеле многу лоши луѓе на светот, кои не се запишани во историските книги, некои познати личности биле најпознати токму по својата бруталност, алчност и копнеж за манипулација и моќ. Ова е листа на некои од најлошите луѓе на светот кои се забележани во историјата.

Delphine LaLaurie

delfin1

На 10 април 1834 година избувна пожар во кујната на куќата на Делфин, каде пожарникарите пронајдоа два роба оковани за шпорет. Се чини дека тие го започнаа пожарот со цел да се привлечат внимание. Пожарникарите на таванот пронајдоа десетина нагрдени и осакатени робови. Една жена беше заробена во мал кафез, а нејзините нозе биле скршени и наместени да изгледаат како нозе на рак, на друга жена пак рацете и нозете и биле отстранети, а делови од телото и биле исечени да изгледа како гусеница. Повеќето биле пронајдени мртви, но некои биле живи и молеле да бидат убиени. LaLaurie успеа да избега пред да и се суди. Во познатата американса серија American horror story е прикажан и ликот на озлогласената Делфин.

Ilse Koch

ilse

Позната под прекарот “Кучката од Бухенвалд”, поради својата садистичка суровост кон затворениците. Најсуровите обвиненија против Илсе биле дека таа избирала затвореници со интересни тетоважи за да бидат убиени, за да може од нивната кожа да направи лампа за дома, иако не се пронајдени докази за овие обвиненија. По војната е уапсена, а почини самоубиство со вешање во 1967 година.

Хајнрих Химлер

himler

Архитектот на холокаустот се смета за најголем масовен убиец некогаш (иако тоа е навистина Сталин). Холокаустот не би се случил доколку не постоел овој човек. Тој се обидел да одгледува надмоќна раса со нордиски изглед, Ариевска раса. Химлер бил фатен по војната, а изврши самоубиство со голтање на цијанид.

Shirō Ishii

ishi

Shiro Ishii бил микробиолог и генерал-полковник на војната единицата на Кралската јапонска армија. Во 1932 година, тој ги започна своите експерименти за биолошка војна како таен проект за јапонската војска. Во 1936 година е формирана 731-та единица, под нивна команда се случувале вивисекции на живи луѓе (вклучувајќи ги и бремените жени кои беа импрегнирани од лекари), ампутации на затворениците и експерименти со закачување на екстремитети на другите делови на телото. Луѓето се користеле како живи тестови. Им биле вбризгувани вакцини со вируси за да се научат ефектите на истите. Машките и женските затвореници биле намерно заразени со сифилис и гонореја. Ишии никогаш не одговарал за своите злосторства, а почина на возраст од 67 години, од рак на грлото.

Јосиф Сталин

stalin

Генерален секретар на Комунистичката партија на Централниот комитет на Советскиот Сојуз, од 1922 до неговата смрт, во 1953 година, под раководство на Сталин, починале од 2.500.000-10.000.000 луѓе, најмногу поради глад, кој бил предизвикан од директните политички и административни одлуки на Сталин. Во прилог на гладот, Сталин наредил чистки во рамките на Советскиот Сојуз, на сите лица кои биле сметани за непријатели на државата. Севкупно, проценките на бројот на убиените луѓе под владеењето на Сталин се во опсег од 10.000.000-60.000.000 луѓе.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО