KFC2644P July 1938 Kennedy family portrait. Photograph includes: (L-R) Eunice Kennedy, John F. Kennedy, Rosemary Kennedy, Jean Kennedy, United Stated Ambassador to Britain Joseph P. Kennedy, Sr., Edward M. Kennedy, Rose Kennedy, Joseph P. Kennedy, Jr., Patricia Kennedy, Robert F. Kennedy, and Kathleen Kennedy. Embassy Residence, London, England. Please credit: "John F. Kennedy Presidential Library and Museum, Boston"

Ова се најпознатите проклетства на светот

Верување во клетви денес се чини малку примитивнo и смешно. Сепак, некои работи се понекогаш едноставно премногу страшни, што прави да се сомневаме во сопствената реалност, а некогаш работите не можат да бидат само случајности. Токму поради ова, верување во проклетства и клетви и ден денес преживува, а ова се најпознатите проклетства на светот.

Проклетството на фараонот

1

Според некои извештаи по отворањето на гробницата на Тутанкамон, истражувачите наишле на натпис: “Секој што го вознемирува фараонот наскоро ќе ги чувствува крилјата на брзата смрт.” Натписот не го одврати познатиот египтолог Хауард Картер да влезе во гробот, настан кој стана еден од најголемите археолошки откритија. Сепак, набргу потоа, голем број на членовите на групата која влегла во гробот почина од различни причини. Ова доведе до страв и паника во јавноста, бидејќи проклетството на фараонот беше широко опфатено во медиумите. Се разбира, имало случаи и во кои никој не почина, иако влегол во гробницата. Но бројот на смртните случаи беше невообичаено висок што доведе некои научници да создаваат теории дека вистинската причина за смртта е некој вид на стара бактерија или габа која била илјадници години заробена во гробот, а за која научниците не развиле имунитет.

Проклетството на Отзи

3

Отзи (Ötzi) е најстарата европска мумија. Кога седум лица загинаа по контактот со мумијата започнаа претпоставки дека Отзи е проколнат. Мумијата е пронајдена во глечерот на Алпите, на границата помеѓу Италија и Австрија во 1991 година. Отзи има неандерталско потекло, иако генетските анализи покажуваат сличност со сегашните жители на јужна Европа. Се претпоставува дека тој бил земјоделец, според начинот на животот и структурата на мускулите. Тој имал Лајмска болест, проблеми со паразити, заби и зглобови. Кога почина имал само 45 години. Неговото тело е покриено со тетоважи.

Проклетството на Тамерлан

2

Тамерлан бил татарски емир (1360 – 1405), познат како еден од најголемите и најсурови освојувачи на светот. Тој создаде империја која беше една од најголемите на планетата. Тој, исто така, бил човек со голема интелигенција, ја сакаше уметноста и зборуваше неколку јазици. По неговата смрт бил погребан во Самарканд. На неговиот гроб се испишани зборовите: “Најголемата војна ќе почне ако оваа гробница се отвори.” Сепак, по неколку векови гробот бил заборавен, и таков остана напуштен се до 1941 година, кога Сталин, кој бил импресиониран од неговиот живот, наредил експедицијата која ќе го отвори гробот и ќе ги донесе остатоците од осовојувачот. Остатоците се донесени во Русија. Неколку дена подоцна, Хитлер ја нападна Русија, а во војната починале околу 26,6 милиони луѓе. Иако војната беше во полн замав, руските научници решиле да ги вратат посмртните остатоци. Од тогаш гробот не е допрен повторно.

Проклетството на синиот дијамант

4

“Houp“ е 45-каратен син дијамант и е еден од најпознатите дијаманти во светот. Сепак, се верува дека несреќа ги прати носителите или поседувачите на истиот. Иако експертите веруваат дека сè е случајност и дека целата приказна за проклетството е маркетингшки трик. Многу од смртните случаи не беа докажани и се навистина само легенда. Дијамантот првично беше прошверцувани од храмот во Индија од страна на Французинот Жан-Баптист Тавернијер, кој, веднаш потоа бил убиен од страна на група кучиња. Потоа се најде во сопственост на Луи XVI и Марија Антоанета, која ја загуби главата во Француската револуција. После тоа бил во сопственост на семејството Хоуп кое поради финансиски проблеми мораше да го продаде. Купувачот, Евелин Меклин, ќерка на сопственикот на “Њујорк тајмс”, кратко време по купувањето на дијамантот ги загуби своите две деца, а нејзиниот сопруг ја остави поради друга жена. На крајот дијамантот заврши во музеј каде што е и денес. Додека го возел до музејот, возачот случајно го допре. Тој го изгубил целото семејство во пожар.

Проклетството на Tekumseh

5

Tecumseh беше индијански поглавар кого во војната во 1811 година американските војници постојано го лажеле и измамувале. На крајот, војниците го земале земјиштето на целото племе и убиле голем број на луѓе. Братот на поглаварот, духовниот лидер на племето фрли клетва. Сите американски претседатели кои ќе бидат избрани во годината која завршува со нула ќе умрат. Во следните 100 години сите американски претседатели избрани во годината која заврши со нула навистина починле. Сепак, последните двајца претседатели, Роналд Реган и Џорџ Буш успеале да преживеат до крајот на мандатот, и се смета дека проклетството е скршено.

Проклетството на Кенедиеви

KFC2644P  July 1938 Kennedy family portrait. Photograph includes: (L-R) Eunice Kennedy, John F. Kennedy, Rosemary Kennedy, Jean Kennedy, United Stated Ambassador to Britain Joseph P. Kennedy, Sr., Edward M. Kennedy, Rose Kennedy, Joseph P. Kennedy, Jr., Patricia Kennedy, Robert F. Kennedy, and Kathleen Kennedy.  Embassy Residence, London, England.  Please credit: "John F. Kennedy Presidential Library and Museum, Boston"

По атентатот на Џон Кенеди, пред 50 години, семејството се соочи со убиството на неговиот брат Боби во 1968 година, а потоа неговиот син Дејвид почина од предозирање во 1984 година. Вториот син на Боби, Мајкл, почина во несреќа при скијање во 1987 година.
Втората сопруга, на Боби, Мери Ричардсон Кенеди, беше убиена во 2012 година, но смртта на Џон Цон, синот на познатиот претседател во авионската несреќата во 1999 година ги започна шпекулациите за проклетството на Кенедиеви. Постојат разни толкувања на ова проклетство. Некои тврдат дека проклетството го фрлил рабинот, кои Џон Кенеди го навредил. Татко Џон Кенеди жестоко се противел на доаѓањето на евреите во Америка кои бегале од нацистите. Другите истакнуваат дека проклетството започнува уште порано, со Томас Фицџералд, дедото на Џон Кенеди и со неговата мајка која ги вознемири духовите во Ирска.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО