Пензионер плати автобуска карта во вторник

На 31.03.2015 вторник , карши Зелениот пазар во Скопје во 13 часот и 23 минути беше забележан маж во по одминати години ( накај 74 ) , господинот со иницијали Т.Ц.  беше виден како стои на автобуската постројка и чека автобус верувале или не немаше гајби од пиперки , патлиџани ниту пак 40 кеси со кромид , праз и слични зелени растенија.

Додека чекал автобус горе споменатиот Т.Ц. не замарал ниту еден човек на автобуската станица и не кажувал како било во негово време. 15 минути подоцна дошол автобус со број 24 и господинот се качил и извадил 35 денари од својот паричник и му дал на возачот за да му даде автобуска карта која била уредно платена.

hitportal-24-ka

 

Од како се случил овој неверојатен настан се губи трага и глас на овој човек. Последен пат бил облечен во сини панталони , црна јакна и црни чевли без кал. Доколку го препознаете овој човек или пак го видите пружете му рака и кажете му секоја чест.

Категории
Шуш - Буш
275 Коментари на постот

Напиши Одговор

*

*

ПОВРЗАНО