Половите стереотипи порано и денес

Розова боја е за момчиња, на мажите кои јавно ги покажуваат емоциите им се восхитуваат, мажите носат хулахопки, жените сакаат секс многу повеќе од мажите. Звучи збунувачки?
Еднаш, многу одамна, ова беа стереотипите кои доминирале во нашето општество. Но, истите се менувале со текот на времето.

Ова се неколку полови стереотипи порано и денес, приметете ги разликите.

Денес: Розово е за девојки, синото е за мажи
Порано: Розовото е за мажи, синото е за девојки

Денес, розовата боја често се поврзува со се што е деликатно, романтично и женско. Една статија од списанието од 1918 година изјави дека розовата боја треба да ја носат мажите, а сината жените. Главната причина зад ова е дека розевата боја, која е изведена од црвената, е посилна боја, боја на војната поради што е повеќе погодна за мажите.

Денес: фустани се за девојки
Порано: фустани беа за девојки и за мажи

Ако ги погледнете фотографиите на деца од 19-от век, можеби нема да ја препознаете разликата дали се работи за машко или женско. Од средината на 16-от век, па се до почетокот на 20-от век, малите момчиња носеле фустани.

02-10
Денес: плетењето е за бабите
Порано: плетењето еснафи било машко хоби

Во средниот век плетењето стана многу популарно, а беа воспоставени и еснафи за заштита на трговските тајни, подобрување на квалитетот на професијата, и зајакнување на бизнисот. Овие еснафи биле исклучиво машки.

Денес: Топло чоколадо е пијалок за деца и жени
Порано: топло чоколадо било пијалок за воини

Ацтешкиот император Монтезума II ја ограничи потрошувачката на топлото чоколадо на воини, трговци и благородници. Крв и чоколадо биле сметани за свети течности.

05-9

Денес: Мажите не плачат
Порано: Мажите кои плачеле не биле ниту феминизирани ниту осудувани

Во Илијадата на Хомер, грчката армија постојано плачела. Зевс, богот на небото и громот, плачел крвави солзи. Кралот Артур често плачел одејќи во војна со неговиот добар пријател Сер Ланселот. Во средниот век, витезите плачеле, бидејќи им недостасувале нивните дами или кога не можеле да одат на турнири.

Денес: компјутерските програмери се младите мажи
Порано: првите програмери биле жени

Во почетокот на 1940 година, биле ангажирани првите светски компјутерски програмери. Универзитетот во Пенсилванија вработил шест жени да работат на машината “ENIAC“, една од првите светски електронски компјутери.

07-10

Денес: хулахопките се за жени
Порано: хулахопките ги носеле мажите

Долго пред жените да почнале да носат хулахопки, мажите носеле еден вид на чорапи или хулахопки, кои биле важен дел на машката гардероба. Во средниот век, европските мажи носеле машки хулахопки.

Денес: Мажите се повеќе заинтересирани за секс
Порано: Жените биле повеќе заинтересирани за секс

Во еден антички грчки мит, Зевс и Хера се расправаат околу тоа кој ќе добие повеќе задоволство од сексуалните односи, мажот или жената. Тие го прашуваат пророкот Тиресиас, кој помина седум години од својот живот како жена. Тој им одговара дека ако сексуалното задоволство може да се подели на 10 делови, само еден дел ќе оди кај мажот, а останатите девет ќе одат кај жената. Низ цела Европа се сметало дека жените имале голема сексуална желба, и на тој начин биле етикетирани.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО