Потеклото на егзорцизмот-болести прикажани како демони

Зборот егзорцизам потекнува од грчкиот због “exorkosis“, што значи отколнување. Егзорцизам е обид да се истера демонот или духот од телото на човекот.
Егзорцизмот на злите духови најчесто се поврзува со религијата. Се чини дека верување во демони и егзорцизам стана популарно во јудаизмот, во 1-от век.
Во христијанството, егзорцизам е практика на отклонување, бркање на демони. Лицето кое врши егзорцизам е познато под име егзорцист, а тој често е член на христијанската Црква, или е поединец кој смета дека поседува посебни овластувања или вештини. Егзорцистот во својот ритуал користи молитва и верски материјали, како формули, гестови, симболи, икони, амајлии. Една анкета покажа дека повеќето истерувачи на демони веруваат дека било кој може да се изврши егзорцизам, а не само членовите на свештенството.

Општо земено, луѓето кои се сметаат дека се опседнати не се смета за нужно зли, ниту целосно одговорни за своите постапки, бидејќи се верува дека се под манипулација од страна на демонот, што резултира со штета.

1

Во многу приказни за егзорцизам се вклучени луѓето кои страдаат од ментални болести. За жал, ментално болните лица биле осудувани за демонско поседување поради непознавање на модерната медицина. Над овие лица се вршеле егзорцизми многу често што знаело да резултира и со смрт на заболениот.

Сепак, Католичката црква не е единствената религиозна организација која ги спроведувала ритуалите на егзорцизмот. Речиси секоја верска и културна традиција низ светот се залага за идејата на поседување на духови и потребата за некаква форма на егзорцизам. Овој обичај датира од пред илјадници години.

Во античката Месопотамија се сметало дека сите форми на болести доаѓаат преку моќните духови кои влегуваат во телото на едно лице. Луѓето вреувале дека секој вид на болести, било физички и психолошки, биле под влијание на лошите демони, духови и ентитети. Античките вавилонски свештеници вршеле ритуали за уништување на демоните со уништување на глина или восок со слика на демонот.

3

Во текстовите од древната Персија, кои датираат од околу 600 години п.н.е., можат да се пронајдат докази за извршување на одредена форма на егзорцизам со користење на молитва, ритуали и света вода.

Во средниот век повторно се оживува ова античко суеверие. Варварските техники на лекување на душевни болести од страна на свештенството вклучуваа различни техники кои предизвикуваат физичка болка, како што е камшикување и сл.

6

Многу научници веруваат дека т.н. демонска опседнатост е само форма на ментална болест, како што се хистерија, манија, психоза, Туретов синдром, шизофренија или растројство на личноста. Скептиците тврдат дека илузијата дека егзорцизмот делува на луѓето, односно, дека може да им помогне се должи на моќта на сугестијата или плацебо ефектот.

4
Верување дека духовите можат да го опседнат човекот останаа речиси непроменето од почетокот на цивилизацијата, а постои и денес. Дали демонските сили се реални или се едноставно резултат на медицински или психолошки пореметувања, или се работи за спиритуални долмени кои ние не можеме се уште да ги разбереме. Се чини дека темата на егзорцизмот секогаш ќе биде жестоко дебатирана.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО