Приказните зад имињата на познатите бендови

Како најпознатите бендови во светот ги добиле своите имиња? Од крадење на името на поранешениот учител, до консултација со духови преку спиритуалистички сеанси. Ова се приказните зад имињата на познатите бендови.

Lynyrd Skynyrd

1

Бендот името го смисли според наставникот по физичко образование, Леонард Скинер, поради чии дисциплински постапки еден од членовите на бендот бил суспендиран од школото.

Led Zeppelin

2

Кога бендот првично го покани тапанарот Кит Мун да им се придружи тој сметал дека целата идеја за бендот е глупава. Всушност, тој сметал дека ќе пропаднат како “оловен цепелин“. На бендот му се допадна оваа идеја што го присвоиле името, со мала измена, наместо олово (анг. lead) го искористиле зборот led.

Motorhead

3

Британските рокери Моторхед своето име го земаа сленгот за терминот за корисник на амфетамини во САД.

Depeche Mode

4

Меѓународно признатиот електронски-рок бенд името го зема според францускиот моден магазин. “Депеш мод” буквално се преведува од француски како “Модно соопштение.”

Duran Duran

5

Името Дуран Дуран доаѓа од името на еден лик во филмот “Barbarella”, еротско научно-фантастичен филм од 1960 година со Џејн Фонда.

Rolling Stones

6

Името е позајмено од текстот на песната на Мади Вотерс “Mannish Boy”.

Alice Cooper

7

Како евтин трик, Алис Купер ги консултираше духовите во изборот на името преку спиритистичка сеанса.

Daft Punk

8

Францускиот хаус дуо своето име го зема од негативните критики на нивниот претходен музички обид.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО