Работи кои ги користиме денес, кои ќе ги снема за 20 години

Во новиот милениум напредокот и промените се случуваат побрзо отколку кога било досега. На пример, споредете го животот во 1996 година во споредба со 2016 година. Мобилните телефони не биле вообичаена работа, интернетот се уште не беше мејнстрим итн.

Поради ова се прашуваме: Колку различни ќе бидат работите за 20 години и кои работи што ги користиме денес ќе ги снема од употреба?

Полначи за телефони

Целата нова технологија бара енергија. Почнувајќи од сега, ако излезете без полнач за вашиот телефон, ова најверојатно ќе ви предизвика проблем.
Овој проблем се обидуваат да го решат неколку компании. Со користење на радио бранови кои во суштина работат со помош на специјални антени. Приемникот ја конвертира радио енергијата во еднонасочна енергија, која ја полни батеријата.

Оваа технологија не е далеку од остварување. До крајот на 2016 година компанија по име Energous планира да го пласира безжичниот полнач.

Паричник

Паричниците можат да станат застарени, едноставно затоа што, порано или подоцна, ќе нема што да се стави во нив. Кредитни картички и дебитни картички ќе се користат преку апликации. Оваа транзиција веќе се случува со апликации како Apple Pay и Samsung Pay.
Формите на идентификација, исто така, ќе станат дигитални.

Лозинки

Во теорија, специјализираните лозинки се добра идеја за безбедност. Сепак, во просек, повеќето луѓе имаат помеѓу пет и 10 лозинки.

Во изминатите 20 години, лозинки и ПИН кодови ќе бидат стара вест. Во моментот се развиваат различни биометриски податоци кои ќе бидат тешки за копирање. Ова ги вклучува скенирањето на ирисот, препознавање на гласот, скенери за отпечатоци и сл.

Физички медиуми

Физичките медиуми се делат во четири категории: музика, филмови, книги и видео игри.

Со години, музиката и филмовите станаа дигитални медиуми, достапни преку стриминг услугите. Затоа не треба да биде изненадување дека во следните 20 години, работи како физички ЦД-а, па дури и DVD и Blu-дискови ќе ги снема.

Најстариот физички медиум, печатените книги исто така ќе бидат застарени во следните 20 години. Сепак, во 2015 година продажбата на дигиталните книги почна да се намалува, а продажбата на печатените книги се зголеми. Така што иднината на книгите, електронските и печатените, е неизвесна.

Инјекции со игла

Постојат проекти кои гледаат на кој начин да им дават на луѓето инјекции без продупчување на кожата.

Метални клучеви

Луѓето ги заклучуваат своите имоти од времето на древниот Египет, но во иднина ова ќе стане стара техника. Клучевите ќе станат електронски, односно дигитални.

Категории
Шуш - Буш

ПОВРЗАНО